Skip to main content

Региститрано зголемување на наплата на туристичката такса во Охрид

Од Секторот за Туризам и локален економски развој информираат дека наплатата на туристичката такса заклучно со месец  јуни покажува пораст, што од друга страна допринесе и за  константно зголемување и на бројот на туристи и на бројот на ноќевања во Охрид.

 |   | 

Последните податоци за наплатата на туристичката такса со кои располага секторот за ТЛЕР заклучно со месец јуни покажува не само пораст на наплатата на туристичката такса туку и зголемување на бројот на туристи како и на бројот на ноќевања во Охрид. Мерката за субвенционирање на оние станоиздавачи кои редовно ја плаќаат туристичката такса а која беше имплементирана пред две години се покажа како оправдана. Меѓутоа сеуште потребно е да се воведе ред кај наплатата на оваа давачка кај приватните станоиздавачи, велат од ТЛЕР.

„Наплатата на туристичката такса кај приватните станоиздавачи е многу помала во однос на наплатата кај хотелиерите и учествува со помал процент на вкупната сума, меѓтоа и за тоа ние имаме изготвено конкретно решение како предлог измени на Законот за туристичка такса кои се доставени до Министерството за економија пред една година, сеуште немаме конкретен одговор меѓутоа го имаме консултирано и анализирано хрватскиот и словенечкиот модел за наплата на туристичка такса“ вели Ѓоко Апостолов од ТЛЕР.

Според овие модели туристичката такса се наплаќа паушално, а самите модели за наплата се такви што овозможуваат минимизирање на избегнувањето на наплатата на оваа давачка. Особено моделот се очекува да биде ефикасен за идентификување на оние станови кои се издаваат преку целата година, а воопшто не се пријавени.

„На тој начин ќе се спречи целосно затајувањето на туристичката такса затоа што ќе имаме паушална наплата на годишно ниво која според нашите анализи ќе биде доста пониска отколку да речеме за еден определн период да биде наплаќана сегашната туристичка такса“ објаснува Апстолов.

Од ТЛЕР очекуваат дека приходите од средствата собрани по овој основ ќе биде зголемени не само на локално туку и на национално ниво. Инаку оваа мерка на локалната самуправа беше промовирана пред две години како стимулација на приватните станоиздавачи за оние кои уредно плаќаат туристичка такса. Сите легално категоризирани станоиздавачи ќе може да аплицираат за субвеции од 50 проценти од уплатениот износ од туристичка такса. Оваа мерка е донесена во насока да се избегне прикривањето на остварените ноќевања во приватниот сектор и да се зголеми наплатата на туристичката такса.