Skip to main content

„На светов убавина“ за крај на годинешното „Охридско лето“

Со концертот на песни од театарски претстави на Македонскиот народен театар од 2003та до 2013та година насловена  како „На светов убавина“, завршува театарската програма и годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“. 

 |   | 

Со концертот на песни од театарски претстави на Македонскиот народен театар од 2003та до 2013та година насловена како „На светов убавина“, завршува театарската програма и годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“.

Ако театарската музика е некогаш како звучна сценографија, а друг пат невидлив звучен партнер на актерот, тогаш песната во една театарска претстава не е ништо помалку од монолог на отворена сцена.
Последната фестивалска вечер на 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“ завршува со концертот на песни од театарски претстави од 2003та до 2013та година насловена како „На светов убавина“. Горан Трајкоски, поранешниот член на групите „Ансатасија“ и „Мизар“ е идејниот творец на ова дело созададено за софистицираната музичка и театарска публика.

„На светов убавина“ е нацрт на МНТ, мојот матичен театар и без таа поддршка за мене ваков гломазен проект би бил тешко изводлив. Се работи за екипа од 20- луѓе, музички проект, но сепак е театарски бидејќи во него се задржани исклучиво театарски песни кои биле изведувани во десеттина театарски престави“ истакна Трајкоски.

Акетрката Арна Шијак која е еден од вокалите во оваа претстава истакна дека не е само обична фраза исказот дека „кога зборовите се немоќни да го изглаголат неискажливото, тогаш на сцената зачекорува песната“.

„Бидејќи некогаш јазикот е недоволен, недвоетен, песната е еден совршен медиум како згусната реалност, како згусната вистина. Јас сум тука само едно мало шрафче,велемајсторот е маесро Горан Трајкоски“ вели Шијак.

Театарот е дисциплина на заемното вдахновување – синергична уметност.Тој црпи од многу извори, а еден од нив е и духовната музика. Во рамки на концертот ќе настапи и хорот на манастирот Св. „Јован Бигорски“ кој ќе биде и духовна врска со музиката на Трајковски која има многу византиски елементи.

„Горан во својата музика вметнал доста такви елементи, па од претходното искуство познавање најде и за нас еден дел да се вклопиме во овој цел еден настан“ се заблагодари Илија Ристески од хорот на Бигорскиот манастир.

Концертот „На светов убавина“ започнува во 21 часот во преддворјето на црквата Св. Софија, а цената на билетот изнесува 300 денари.