Skip to main content

Се спушта знамето на фестивалот Охридско лето

Завршува 56тото издание на Фестивалот Охридско лето. Директорот и селекторите задоволни како протекоа изминатите 40 дена на фестивалот, но со ветување дека наредната година ќе се потрудат програмата да биде побогата, а организацијата подобра.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Вечерва се спушта знамето на фестивалот Охридско лето. После 40 дена исполнети со културни доживувања, концерти, перформанси, драмски премиери, изложби и филмски проекции, завршува 36тото издание на фестивалот. Директорот Оливер Арсовски кажа дека за него ова е прво издание на фестивалот од кога тој е директор и ќе биде големо искуство, но и причина за размислување дали и што треба да се менува за фестивалот да добие една посовремена димензија при тоа не излегувајќи од неговите концептуални рамки.

Мое мислење е дека имавме уште едно успешно издание на Фестивалот Охридско лето. Оваа година малку времето не не послужи па некои поголеми проекти што сакавме да ги одржиме на Антички театар не успеавме, но се надевам направивме добра замена на тие проекти, рече директорот на фестивалот, Оливер Арсовски.

Ова издание на фестивалот е и десетгодишен јубилеј на музичката селекторка  Гордана Јосифова Неделковска. Една деценија таа со својот тим се грижи што ќе и биде понудено на пребирливата публика која знае да го награди квалитетното, но и да искритикува ако критериумите се пониски од очекуваното.

Според мислењето на стручната критика но и според мислењето на домашната и странската публика реализиравме уште едно квалитетно, богато и атрактивно фестивалски издание достојно за почит. Публиката тие настѕапи ги наградуваше со долги аплаузи и овации,а уметниците возвраќаа со по неколку биса, рече музичката селекторка Гордана Јосифовска Неделкова

Музичката селекторка ги издвои настапите на Елина Гаранча, Максим Венгеров, Вадим Репин , Фазил Сај, Ана Виницкаја по кои според неа и критиката ќе биде запаметено 56-тото издание на Охридско лето. Уште еден успех за фестивалот е што во негови рамки оваа година се реализираше  и летната академија на која имаше голем број млади музичари од Македонија и пошироко кои имаа можност  да бидат дел од семинарите предводени од големите уметници. Јосифова Неделковска рече дека во светот на уметноста Македонија е препознатлива по фестивалот Охридско лето.

Свој осврт за овогодионешното издание на Охридско лето даде и драмскиот селектор Ѓорѓи Јолески. Тој рече дека оваа година темата на драмската програма била „Славејќи го Шекспир ја славиме слободата бидејќи оваа година се одбележуваат 400 год. од неговата смрт и во тој концепт се одржале три престави од неговите дела и тоа во изведба на македонскиот, турскиот и албанскиот театра. На ова издание од фестивалот премиерно била изведена и преставата Бар Ремарк во изведба на рускиот театар.

Мене навистина ми е чест што работев за охридско лето што ја направивме оваа програма. Благодарам на директорот Оливер Арсовски и на целиот тим кој придонесе да се  реализира програмата, рече Јолески.

Тимот на охридско лето останува и понатаму ист . Веќе се прават првичните планови и контакти за идното издание за кое сите ветија дека ќе биде поуспешно и подобро организирано од овогодинешното.