Skip to main content

Томи Стефановски со триумф на Охридскиот маратон се збогува со пливањето

Ветеранот Томи Стефановски триумфираше на 30-от, јубилеен Охридски пливачки маратон. Легендата на македонското маратонскоо пливање со денешната победа на најдобар можен начин, стави крај на својата спортска кариера. Стефановски и минатогодишниот победник Евгениј Поп Ацев во возбудлив фото финиш поминаа на целта но Поп Ацев поради грешка мораше да се врати во водите на езерото и регуларно да ја доплива  патеката со што го загуби второто место. Украинката Олга Козидук  победи во женска конкуренција.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Томи Стефаноски е победник на 30тиот јубилеен Охридски пливачки маратон. По 17 учества на маратонот, Стефаноски конечно успеа да се закити со ловоров венец и да стане дел од плеадата пливачи кои први ја препливаа 30 километарската патека Климе савин од Св. Наум до Охрид. За Томи ова е последното маратонско пливање бидејќи тој се простува со овој спорт.

„Нема подобар начин да кажам збогум.Темпото не беше многу јако но од Парк наваму се засили, но во главата ми беше дека тоа се последните километри и дадов се од себе и излезе најубаво што може. Тешко е да правиш проштална трка во маратон да е кошарка ќе дадеш еден кош и толку а овде морав многу да се подготвувам за да постигнам ваков резултат. СЕ натпреварував со многу помлади од мене и тоа беше голем предизвик. Последните метри мижев и пливав, но вредеше“ рече победникот Стефаноски.


Ова беше една од најдолгите трки, кажа Стефаноски кој патеката ја исплива за 5часа 55 минути 18 секунди и 97 стотинки, а рекордот на Французинот Рејмонд Аксел  кој го постави пред три години е 5 часа 9минути и 54 секунди.

„Оваа година беше нешто подолга бидејќи сите бови беа поставени и одевме до плажите и кај Канео пливавме подалеку, но времето не е толку меродавно за Охридскиот маратон бидејќи незнаеш точно која е траекторијата, но важен е крајот и да останеш во групата до крајот. Останав, задржав сили за на крај, не знаев дека имам толку сила, но дадов максимум и последниот атом, вели Стефаноски.


Стефаноски рече дека му е мило што има свои наследници во маратонското пливање во Македонија. Евгениј Поп Ацев и  Александар Илиевски се новата генерација пливачи. Инаку на Поп Ацев за влакно му избега победата. Скоро заедно пристигнаа на целта со Стефаноски, но поради тоа што промаши една од бовите и пливаше надвор од патеката мораше да ја доплива одново така што му избега и второто место и на крај заврши деветто рангиран. Па така второто место му припадна на италјанецот Едуардо Сточино додека трет на финишот пристигна Евангелиста Матеус од Бразил. Во женска конкуренција победи украинката Олга Козидуб . Третиот македонски учесник, Александар Илиевски заврши на седмото место.

За победникот на Охридскиот маратон следува награда од 10 000 долари а Стефановски, покрај паричната награда, добива и 15 бода во ФИНА светската серија.
Претседателот Ѓорѓе Иванов, кој е  покровител на оваа манифестација вечеерва ќе се обрати на свечениот прием на пливачите-маратонци и ќе ги врачи наградите и пехарите на победниците.