Skip to main content

Нова учебна под нов покрив

Силвија Мојсоска, директорката на училиштето информира дека комплетната реконструкција на покривот ќе биде завршена со почетокот на школската година.

 |   | 

ОУ „Григор Прличев“ во Охрид, ќе добие нов покрив. Согласно законските регулативи за заштита на здравјето, страиот и дотрајан покрив од азбестно-цементните плочи се менува, а се работи и на поставување квалитетна излолација. Дрвната конструкција на покривот која е исто така дотраена, се менува. Од училиштето се надевааат дека комплетната реконструкција на покривот ќе биде завршена со почетокот на школската година.

„Веќе старите табли се сменати, изолацијата е поставена, ќе се покрива со лим. Веќе во новата зграда започнато е да се поставува лимот и олуците, до другата недела и оваа зграда ќе биде покриена, еден мал дел, задниот дел од училиштето, но според текот на работите изведувачите велат дека до 5-ти најкасно се комплетно ќе биде завршено“ вели директорката Силвија Мојсоска.

Мојсоска информира дека финалните работи кои треба да завршат во првата недела на септември, се на дел од училишната зграда, каде нема ученици и дека активностите нема да имаат никакво влијание врз безбедното одвивање на наставниот процес. Исто така во летните месеци беа преземени активности и за замена на подот во една од училниците.

„Бидејќи имавме потреба се замени подот во една од училниците, се става нов ламинат и секако зависно од потребите ние имаме планови, желба имаме за идеални услови секое дете да учи ,секој вработен да работи се трудиме постојано да се подобруваат условите за работење“ објаснува Мојсоска.

Инаку изведувач на работите е фирма од Дебар. Учениците и вработените повеќе нема да се соочуваат со проблеми околу протекувања на покривот, кои за време на посилни врнежи од дожд се појавуваа на повеќе места, а со реализација на овие инфраструктурни активности се очекува во голема мерка да се подобри и енергетската ефикасност во училиштето.