Skip to main content

Отпишаните охридски ракометари освоија трето место на меморијалниот куп во Прилеп

Отпишаните охридски ракометари освоија  трето место на меморијалниот куп во Прилеп.

 |  Николоска Биљана  | 

Охридските ракометари го освоија третото место на меморијалниот куп Миле Нешкоски во Прилеп. Ги победија Борец од Велес и Прилеп, а загубија од битолскиот Еурофарм Работник. Тимот на РК Охрид за кратко време се консолидира по заминувањето од клубот на неколку врвни ракометари. Со тоа отпишаните охридски ракометари покажаа квалитет со кој ќе се борат во новата сезона, посочува тренерот на РК  Охрид, Горан Андоноски.


„Покажавме дека и покрај тоа што бевме прежалани оваа година, направивме конкурентна екипа. Во Охрид повторно ќе гледаме конкурентен ракомет во Супер лигата. Првата цел е опстанок во лигата, но не се предаваме ќе се бориме за да влеземе во плеј офот“, кажува Андонски.

Годинава  од РК Охрид заминаа голем број играчи, меѓу кои Колев и Тасески. Намален е и бројот на странците од 6 на тројца. Акцентот ќе се стави на домашните играчи, но буџетот  ќе е понизок, укажува Андоноски.

„Наместото од Тасески кој замина во Пелистер од младинската екипа ќе се приклучат 4-5 млади играчи. Новина годинава е што покрај младинската екипа ќе се натпреварува и пионерската екипа“, ги појаснува намерите на клубот, тренерот Андоноски.

Горан Андоноски, тренерот на РК Охрид  информира дека од 1 септември има упис на нови пионери што ќе придонесе за спортот во Охрид. РК Охрид ќе покаже дека дека е стабилен суперлигаш со ракометни корени, вели Андоноски.