Skip to main content

Се поизвесна изградбата на дом за стари лица во градов

Со изградбата на дом за стари лица во градов ќе се решат проблемите на многу семејства како од Охрид така и од регионов. Домот ќе биде лоциран кај месноста Даљан.

 |  Лионела Јаковлева  | 
babicka
бабицка

Со изградбата на дом за стари лица во градов ќе се решат проблемите на многу семејства како од Охрид така и од регионов. Домот ќе биде лоциран кај месноста Даљан.

Големи се шансите оваа година конечно во градов да се изгради дом за стари лица и пензионери. Оваа идеја  години наназад никако да се реализира поради низата проблеми со кои се сретнаа нејзините иницијатори. Од Здружението на охридските пензионери првично предлагаа да не се гради нов дом туку да се преадаптира некој постоечки простор. Тие ја посочуваа старата зграда на некогашната детска болница, но по извесно време се покажа дека овој простор ќе има друга намена. Сега во комбинација е локација кај Даљан во близина на одморалиштето за инвалиди, вели Ѓорѓи Трпчевски, претседателот на Здружението на пензионери.

gerijatrijaМоментално старите и изнемоштени лица се сместуваат на геријатриското одделение при општата болница. Условите со кои располага ова одделение се добри но недостасува поголем простор. Таму се згрижени 27 лица, но бројот на заинтересирани секојдневно расте,вели Севим Селим, раководителкат на геријатрија. Таа објаснува дека изградбата на нов и современ дом за стари лица ќе ги реши проблемите на многу семејства како од Охрид така и од регионов.

 

{loadposition content9}