Skip to main content

Објавен тендерот за реконструкција на Кеј „Македонија“

Општина Охрид го објави тендерот за реконструкција и партерно уредување на Кејот „Македонија“ на брегот на Охридското езеро.

 |   | 

Општина Охрид го објави тендерот за реконструкција и партерно уредување на Кејот „Македонија“ на брегот на Охридското езеро.

Идејниот и основниот проект за модернизација на брегот на Охридското езеро беше изработен токму од страна на локалната самоуправа, и тоа по неуспешниот Конкурс за избор на идејно решение од 2015 година. Вредноста на овој проект е проценета на околу 1,2 милиони евра. Градежниот зафат треба да се реализира во период од 15 месеци, а рокот за доставување на понуди истекува на 12 октомври.

Лицето на градот Охрид, местото каде уживаат гостите и охриѓани, конечно ќе добие сосема нов современ лик.

Кејот е граден на примитивен начин пред повеќе децении со материјали кои се уништени и постои опасност за поголеми оштетувања.

Кејот ќе биде автентичен и ќе се вклопува во изгледот на Охрид, при изработката на проектот посебно се внимаваше да не се нарушува природниот еко систем на Охридското езеро.