Skip to main content

Општина Охрид распиша тендер за избор на изведувач на реконструкцијата на кеј Македонија

Општина Охрид распиша тендер за избор на изведувач на реконструкцијата на  кеј Македонија.

 |  Валентина Неловска  | 

Наскоро треба  да започне  реконструкцијата на езерскиот кеј. Општина Охрид распиша тендер со кој бара изведувач на градежните работи на кејот. Рокот за доставување на понуди е до 12 октомври. Граѓаните го  поддржуваат ваквиот зафат но имаат и свои предлози.

„На кејот му треба обавезно нов лик, но нема марина, а секоја година има се повеќе пловни објкети ,а нема каде да се остават. Пристаништето е разрушено  и срамота е што ништо не е направено“.
„Апсолутно му треба реконструкција. И паркот треба да се поправи, доста работи има запоставено. Охрид е туристичко место доаѓаат туристи и сакаат да видат убаво средени паркови, хигиена, столици за одмор , пристаниште. Треба да се изгради паркот, а и бродовите помали и поголеми нема каде да се оставаат“.
„Кога јас би бил  би ги изменил столиците , светилките , а паркот би го уредил да биде поубав“, ова се дел од размислувањата на анкетираните сограѓани.

Реконструкција, санација и уредување се неопходни поради нарушената статика на кејот , попуштање на делови од фронтот и значителни оштетувања што било увидено од  анализите на стручни служби од локалната.

Идејното решение за новиот лик на кејот го изработиле стручни служби од локалната откако предходно не беше прифатено ниту едно идејно решение пристигнато на објавените конкурси со образложение дека биле мегаломански со масивни платформи во вода.

Од секторот за урбанизам  највуваат дека во проектот за реконструкција на Кејот  Македонија, предвидено е да се изврши замена на бехатон плочките, да се отстрани  старата и да се постави нова инсталација. Понатака во проектот предвидено е и замена на канделабрите и замена на клупите за седење, целиот кеј ќе биде партерно и хоритикултурно уреден. Со реконструкцијата Кејот ќе добие нов и урбан лик.
Проектната инвестиција е тешка  1,2 милион евра . Градежните зафати  на кејот треба да завршат за 15 месеци од почетокот на изградбата.