Skip to main content

Се одбранила со секира

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Разбојништво“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.А. (38) од струшкото село Делогожда.

 |   | 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Разбојништво“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.А. (38) од струшкото село Делогожда.

На трети овој месец, околу 02.00 часот,пријавениот, со намера да изврши кражба пристигнал во охридското село Ново село и затропал на вратата од куќата сопственост на З.Д. (56). Таа, му ја отворила вратата откако Ф.А. и кажал дека сака леб, по што влегол во внатрешноста на куќата. Во момент кога З.Д. се упатила кон кујната, пријавениот ја заклучил влезната врата, се упатил во кујната каде била оштетената и веднаш со раце почнал да ја влече со цел да ја собори, да ја онеспособи и да изврши пребарување по куќата.

Тука настанало меѓусебно туркање и притоа, оштетената, забележувајќи ја секирата зад вратата, успеала да ја дофати и за да се одбрани го удрила пријавениот по главата. Одкако пријавениот Ф.А. паднал на подот, оштетената З.Д. избегала од куќата и побарала помош кај комшиите. По кратко време, со нив се вратила во куќата но напаѓачот бил избеган.