Skip to main content

Ригорозна контрола и проверка од страна на Центарот за меѓународни испити од Кембриџ, причина за доцнењето на учебниците

Од издавачката куќа „Арс Ламина “ од Скопје, од каде се задолжени за печатење и дистрибуција на некои од учебниците според „Кембриџ“ програмата, информираат дека учебниците се  веќе отпечатени и дистрибуцијата е во тек веќе неколку недели. Додаваат дека се прават сите напори учебниците да се достават во најбрз можен рок, па така веќе од наредната недела секое училиште ќе биде снабдено со сите потребни учебници.

 |   | 

Во врска со доцнењето на дистрибуцијата на учебниците по „Кембриџ“ програмата Твм ТелевизиА доби официјален одговор од издавачката куќа „Арс Ламина“. Во дописот кој го добивме од Директорот на издавачката куќа Горан Црвенковски, стои дека основна причина за доцнењето е аа што учебниците се работат по програма одобрена од Кембриџ и вообичаената процедура подразбира секој превод и адаптација на истите да минат низ ригорозна контрола и проверка од страна на CIE (Центарот за меѓународни испити од Кембриџ).

Бидејќи учебниците за седмо, осмо и деветто одделение се многу пообемни од оние за претходните одделениja, консеквентно, и процесот на одобрување траел подолго – разбирливо, во интерес на квалитетот и иднината на македонските ученици.
Во допис уште стои информацијата дека „Арс ламина“ ги направи сите напори да ги достави учебниците во најбрз можен рок, почнувајќи со дистрибуција веднаш по одобрувањето, но разбирливо – одредени училишта ги добија учебниците порано, додека до други сè уште немаат пристигнато.

Издавачката куќа „Арс Ламина“ се веќе отпечатени и дистрибуцијата е во тек веќе неколку недели. Додаваат дека изземајќи непредвидени настани, би требало секое училиште во Македонија да биде снабдено со книги во текот на наредните неколку денови.