Skip to main content

Кога купувате на интернет не наседнувајте на лажни страници

При интернет купувањето најчест проблем се лажните страници и огласи за што граѓаните треба многу да внимаваат. Најдобар начин да се заштитат потрошувачите е пред се да бидат информирани велат од Организација на потрошувачи на Македонија. Од таму укажуваат дека најчесто има поплака за спортска опрема, помали технички апарати кои потрошувачите ги купиле на некоја сомнителна веб страна или преку некоја социјална мрежа.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Од ден на ден се поголем е бројот на луѓе кои го користат интернетот како место за шопинг. Овој начин на купување има свои предности како што се избегнување на метежот во шопинг центрите, но и заштеда на време. Но од друга страна пак има и одредени негативности бидејќи сведоци сме дека во последно време се повеќе на социјалните мрежи се нудат брендирани производи од познати светски марки, кои навидум наликуваат на оргиналите, а кога ќе стигнат на вашата адреса се вистинско разочарување. Дали некој тоа го контролира во нашата земја и како да се заштитиме од ваквите трговци е прашање кое се повеќе буди интерес во јавноста. Ѓоко Бошалески, раководителот на одделението на државниот пазарен инспекторат укажува дека и во Охрид има прекршувања во законот за електронска трговија и објасна кога делуваат тие во рамки на нивните ингеренции.

„Ние континуирано доколку следиме дека одреден производ се рекламира се планираат надзори и се вршат контроли кај таквите субјекти за да се провери дали ги исполнуваат сите услови за вршење на електронска трговија. Значи постои закон за електронска трговија во кој се пропишани сите минимално технички услови кој што треба да ги поседува субјектот за да врши електронска трговија. Ќе напоменам дека може да се поднесе и кај нас претставка доколку некој граѓанин не е задоволен, затоа што преставка може да поднесе само од граѓанин поради тоа што законот за потрошувачи се однесува на граѓаните во однос на ненавремено доставување на пратка која што е нарачале“.

Додека пак, Иво Костовски од Организација на потрошувачи на Македонија, во насока на оваа проблематика напоменува дека граѓаните при интернет пазарење треба да прават разлика меѓу лажните и реалните интернет страници, кои функционира според законите.

„Најдобар начин да се заштитат потрошувачите е пред се да бидат информирани, па така тие ќе знаат доколку истражат за која продавница се работи, значи кое е искуството на другите потрошувачи за таа продавница секогаш да инсистираат да добијат фискална сметка односно документ со кој понатака ќе можат да ги остварат своите потрошувачки права, сметаме дека тие ќе можат да бидат заштитени. Овојј дел од пазарот го контролира државниот пазарен инспекторат, секако имавме и ние случаи кои што беа дадени до одделението за интернет криминал каде што се работеше за масовни еден вид на измами на кој што се пожалија потрошувачите

Костовски открива дека голем број на поплаки најчесто биле за спортската опрема, патики, маици, шорцеви, како и за некои помали технички апартати кои што потрошувачите ги купиле на некоја сомнителна веб страна, преку некоја социјална мрежа, или пак на некоја веб страна за продажба посебно помеѓу две лица, каде што едното лице се претставува како фирма и продава масовно ваков вид на производи. Според него најчесто се работи за измами од типот на дадена била друга боја, слаб квалитет, добиваат патики кои се несоодветни на оние кои што биле порачани, потрошувачите се сомневале во оргиналноста на брендот до кој што им е испорачан итн.