Skip to main content

Нов модел за пријавување и плаќање на сезонските работници во туризмот

Со него потребно е да се зголеми социјалната сигурност на овие работници, да се поедностави нивното пријавување во системот на социјално и пензиско осигурување, да се реши пороблемот со вишокот работни саати во сезона и да се елиминира плаќањето високи глоби за непријавените работници.

 |   | 

Во Македонија пазарот на труд се менува, ако некогаш работодавачите знаеа на терет на големата понуда на работна сила на пазарот да злоуптребат одредени работнички права или да бараат повеќе од онашто ќе платат, сега ситуацијата е поинаква бидејќи во многу стопански гранки недостасува работна сила. Организацијата на работодавачи на Македонија заедно со Асоцијацијата на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови – ХОТАМ со иницијатива за измени и дополнувања на законската регулатива која се однесува на ангажманот на сезонските работници.

Имено според бизнисмените од секторот за туризам и угостителство токму овој витален дел од домашната економија има неопходна потреба од значително поедноставување на моделот на пријавување и плаќање на придонесите за сезонските работници чиј број во овој сектор, од година во година е во пораст.

„Ги видовме нашите предлози околу новиот начин на пријавување во системот на пензиско и социјално осигурување на сезонските работници преку таканаречените ваучери, кои ги презедовме од искуствата на Хрватска, ги видовме нашите специфики, а и околу прераспределбата на работното време во законот за работните односи, за компензирањето на вишокот работни сати во сезона со слободни денови вон сезоната“ вели Ангел Димитров – Претседател на Организацијата на работодавачи на РМ.

Претставниците на компаниите од угостителскиот и туристичкиот сектор – членки на ХОТАМ, се приклучија кон предлогот за воведување нов модел за пријавување и плаќање на сезонските работници. Претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажевски истакна дека исто така нивен предлог бил вработувањето во усгостителството и туризмот да не е од сезонски карактер.

„Во нашите предлози дадовме некои олеснителни предлози како да вработиме лица да е бидат од сезонски карактер туку вработени кои поголемиот дел од работното време ќе се изработи во шесте месеци од сезоната, а останатиот дел би останал во останатите шест месеци кога би добивале плата изработена во претходно, тоа беше еден од предлозите“ објаснува Крсте Блажевски – претседател на ХОТАМ.

Оваа беше само една од темите на кои се се разговараше и на новиот состанок од серијата консултации со претставници на бизнисот, коишто во рамки на проектот „Деловен појадок“ ги организира ОРМ, со цел размена на мислења и идеи од кои ќе произлезат предлози за подобрување на регулативата во областите кои се од интерес на работодавачите во Република Македонија.