Skip to main content

Директорката на градинката со писмена реакција на обвинувањата од ОО на СДСМ Охрид

Децата се згрижени во соодветни услови и жално е што се обидуваат душегрижници да бараат ситни политички поени врз сеуште кревкоит грб на дечињата, срамно и нехумано!- реагира Роза Костоска, директор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ на денешниот прес на ОО на СДСМ.

 |   | 

Писмената реакција од Роза Костоска, директор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ на изнесеното на денешниот прес на ОО на СДСМ Ви ја пренесуваме во целост.

Реакција од градинка

За кој преиод од четири години станува збор во изјаснувањето на денешниот прес, дали се однесува  за периодот до Мај 2013 година, и дали тогаш некој од сега загрижените укажувал на несериозноста на раководството на ЈОУДГ„ Јасна Ристеска“ .
За какво самоволие и штета станува збор не ни е јасно затоа што постои Закон за заштита на децата и догор кој го  потпишуваат родителите при упис на децата, за што постојат обврски од двете страни кои треба да се почитуваат. Исто така постои национална Програма за рано учење и развој која доследно се користи во воспитно – згрижувачката работа со децата од предучилишна возраст. Децата се згрижени во соодветни услови и жално е што се обидуваат душегрижници да бараат ситни политички поени врз сеуште кревкоит грб на дечињата, срамно и нехумано!
Од секогаш, во летниот период поради намален број на деца чии родители користат годишни одмори како и годишните одмори на вработените се спојуваат повеќе објекти со цел тој период да се искористи и за реновирања, реконструкции и други зафати за подобрување на условите за престој на децата.
Како паралела на  констатацијата дека децата биле згижени во несоодветни услови, објектот во кој беа згрижени ова лето во моментот згрижува 161 дете. А во месеците: јули имаше 130 деца, август 98 деца, септември имаше 146 деца бројки на најмногу присутни деца.
Што се однесува на големиот број на деца единствено во градинките во Охрид бројот на деца е за пет поголем од нормативите по групи, со одлука на Управен Одбор и Совет на Општина. Прашајте колку деца има во групите во КУМАНОВО!
Овој проблем го имаат грдинките во цела држава и во цел регион.
Неколку пати е одговорено дека не се наплаќа еден месец однапред туку врз основа на договорот најдоцна до 20 ти во месецот.
Што се однесува до литературата за деца исто така откако постои установата литературата се котисти за секојдневните активности со децата, а денес се користи исклучиво литература која е одобрена од Педагошка служба или Биро за развој на образование врз чие мислење Министерот издава решение. А која литература ќе се користи зависи и од изборот на родителите. Ако некоја издавачка куќа не донесла понуда до родителските средби или имала решение по стар програма, за тоа не е виновна директорката, а и зошто критика на оваа тема, и зошто Вие загрижените не ја кажете  фирмата за која се залагате да се набавува литертурата од кај нив.
Доколку уште еднаш било каде и во било која конотација се спомне моето семејство, Ви ветувам приватна тужба за излагање на невистини и изнесување лаги во јавноста.
Почитувани, да Ве потсетам дека  Никола Груевски работи на отворање на градинки и Вие сте сведоци на тоа во изминатите три години когаво Охрид се отворија групи во Лескоец, Велгошти, Радојца Новичиќ и Пештани и истите ги критикувавте дека не треба да постојат а тие сега згрижуваат 120 деца. Потребата од уште една грдинка е неминовна поради огромната листа на чекање за прием во грдинка. Заради што ние ја ПОЗДРАВУВАМЕ ИДЕАТА ЗА 140 НОВИ ГРАДИГНКИ!
За разлика од пред три и пол години занимални биле оставани празни или се давале под наем на балетски групи или јога друштва.

ОВА НЕ Е ЛАГА ОВА Е ВИСТИНА!
Во изминатиот период одкако не сте Вие на власт во Охрид во градинката се вработени 60 лица со решение и уште 11 лица ангажирани по проекти и во моментот преку Агенција за времени вработување ангажирани се уште 10 лица. Природниот одлив на вработените со помош на локалната самоуправа на Општина Охрид и МТСТ редовно се надоместува со нов кадар.Да Ве потесетам дека предходно 30 лица се држеа со договор на дело со минимална плата од 6000,00 денари и им се плаќеше само персонален данок.
Притоа во меѓувреме направена е нова ограда во Развигорче, сменета водоводната мрежа во детските санитарни јазли од истиот објект, отворена е група за деца до две години.
Во три објекти променета е столаријата со посебен акцент на просториите кои ги користат децата, Во Билјана променета е водоводната и канализационата мрежа во детските тоалети и комплетно сменети се сите санитарии.
Во Росица поправена е оградата, и направена соодветна патека за влез во објектот која скоро да непостоеше и родителите ги носеа децата низ економскиот влез. Набавени се клима уреди скоро за во сите занимални,и две печки на пелети како алтернативно греење и ладење.Набавени се нови играчки како за по занимални, така и за во холовите и дворовите.
Реконструкцијата на централниот објект е завршена, децта се нормално згрижени, се тестира само дел од покривот и се интервенира на санирање на дел од штетењниот таван. Објектот ентериерно е целосно исфарбан и е во функција. Можеби затоа не се реконструирало ништо во Ваше време за да не Ве критикува некој за ненавремено извршување на работите од изведувачите? И се се оставало за понатаму, некој друг да го направи тоа? А колку е тоа за правење не Ве интересира! Буквално се! Објекти стари по четириесет , педесет години, со кое право Вие коментирате, наместо да ги поздравите ваквите активности на градинката, Гадоначалникот и Владата!
Исто така како паралела за „неодговорното“ работење на оваа управа ќе Ви изнесам само неколку податоци:
2013 долг за нафта 1.608.260.00 денес  2016г . 373.154.00
2013 обврски   1.770.310,00                    2016г 9.420,00
2013г на сметка на установата имало 285.686, 00 денес 2016г. 2.370.665,00.
Единствено кој лаже е тој што  често го користи овој израз и се служи со него.
И ако толку некој е загрижен како што се декларира за децата во градинката, зошто досега не се понудил да им помогне со било каква помош.