Skip to main content

„Дениците“ повторно хуманитарно

Традиционално и оваа година членките на единствениот женски Лајонс Клубот во Охрид, „Лајонс Клуб Деница“ се приклучија во одбележувањето на неделата за борба против гладта, изработувајќи хуманитарни пакети со прехрамбени производи.

 |   | 

Вчера, со помош на г-ѓа Даниела Блажеска, од црквата св. Ѓоргија, пакетите им беа доставени на семејствата на кои ваквата скромна помош момоентов им повеќе од потребна.

Целта на оваа хуманитарна акција е, со ваквиот мал придонес, преку својот личен пример, да се поттикнат и другите граѓани и институции, секој во рамките на своите можности, да одделат време и средства и да им помогнат на оние на кои помошта им е неопходна.