Skip to main content

Охридскиот театар со нова премиера, „Малиот Принц“

„Малиот Принц“ во режија на Ѓорги Ризески премиерно пред охридската публика ќе биде изведена утре, среда во ЦК „Григор Прличев“. Претставата е за губењето и пронаоѓањето на верата во себеси. Како што вели режисерот, сите ние, возрасните, опкружени со проблемите го губиме детето во нас.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Охридскиот Народен театар прикажува нова премиера. Станува збор за претставата „Малиот Принц“ од Сент Егзипери. Горан Стојаноски директорот на ЦК најавувајќи ја оваа претстава за деца но и за возрасни вели дека обработувале една несекојдневна тема.

„Малиот Принц низ светот е познат со една тема која навистина е инспиративна, која зборува за внатрешноста на човекот на средбата на Малиот принц сам со себе, и таа симболика е претставена на некој начин од луѓето кои се овде“ – рече Стојаноски.

Режисер на претставата „Малиот Принц“ е Ѓорги Ризески. Тој вели дека претставата всушност е пронаоѓањето на детето во себе си, но и секој да си се пронајде себе си.

„Таа тема е многу сериозна и затоа би рекол дека оваа претстава пред се што е за деца и младинци добро е да ја погледнат и возрасните, бидејќи темата ги опфаќа и светот на децата и светот на возрасните. Убаво е да дојдат фамилијарно и мајката и таткото да дознаат нешто за нив себе си за нивното дете и детето да дознае нешто повеќе за нивните родители“ – појаснува Ризески.

Актерот Ивица Цонев кој го толкува ликот на пилотот упатува порака до новата генерација, играјте си со топлина, искреност и чесност. Според него постојат два вида на светови, имагинарен и реален свет, имагинарниот бил поубав и таму царуваат децата. Додека пак ние возрасните сме ја изгубиле детската душа, наивност и чистота и детска игра која тера ништо да не сфаќаме сериозно, едноставно да се забавуваме и да го живееме животот како децата, додава Цонев.

„Она што сака да го каже пилотот, и да го пренесе како порака до децата е да не го живеат животот како што го живее нашата генерација која животот го запознала преку еден зол и брз живот, во желба за пуста многу пари и на крај душевно растројство. Да не го заборавиме детете во себе, да живееме со вистински топли мисли и чувства внатре во себе, инаку генерацијата пропаѓа загубена е“ – порачува Цонев.

Детската претстава како жанр многу ја сака актерот Никола Тодоровски, како што и самиот изјави. Тој порача „Малиот Принц“ публиката да ја гледа со срце а не со очи.

„Се работи за се работи за еден личен предизвик пред кој сме исправени, со оглед ан тоа дека децата не гледаат вести, ќе ја погледнат претставата и најискрено ќе кажат дали е таа успешна, интересна или не. Она што е предизвик е и што како возрасни сме во едно турбулентно време и се надевам дека претставата ќе внесе барем малку топлина во срцата на оние кои што ќе ја погледнат

„Малиот Принц“ е генијално дело заради тоа што обработува голема тема на едноставен начин, вели актерката Јасмина Билаловиќ. На тоа се надоврзува и младиот актер Павел Маслов додавајќи дека станува збор за тема која изобилува со многу симболи.

„Малиот Принц“ кој што живее на својата мала планета и ја одржува и ги корне баобабите затоа што тие се опасни и пуштаат големи корени, неговата палнета е мала што ќе ја уништат ако им дозволи да пораснат и да ја изроварат со своите корени баобабите се тие симболи на хипертрофираните ега на возрасните кои понатаму во свјата приказна и патешествие Малиот Принц ги среќава“

„Сите карактери во самата пиеса и интерпретација се јасно извајани и дефинирани тоа се некакви архитипови на карактери кои што ги среќаваме во нашето секојдневно живеење и функционирање

Претставата „Малиот Принц“ ќе се игра утре во 19 и 30, а влезницата чини 100 денари.