Skip to main content

Социјалниот момент во Охрид неповолен

Зголемен е бројот на сиромашни и гладни семејства во Охрид. Секојдневно гладта плете разни приказни околу најсиромашните, oд оние кои се на улица и оние, кои и покрај тоа што работат не заработуваат доволно ни за основните потреби.

 |  Николоска Биљана  | 

 

67 охриѓани еден оброк во денот го добиваат во народната кујна. На некои од нив тоа им е и единствениот оброк во денот. Социјалниот момент во Охрид неповолен. Секојдневно во ЦСР од Охрид луѓето од ранливата категорија на граѓани, приматели на некаков вид парична помош покрај тој додаток, бараат и еднократна парична помош. И не само тие, на вратата од Центарот тропаат и граѓани кои не се приматели на некаква помош а имаат потреба од парични средства за да се прехранат, информираат од овој центар. Според последнитие податоците, заклучно со месец август, на листата приматели на социјална помош, во Охрид има вкупно 437 домаќинства. Оваа недела Црвениот Крст од Охрид, од 16 до 22 ја одбележува неделата за борба против гладта. Станува збор за поддршка на националаната кампања во која се прибираат средства, прехрамбени производи донации од граѓни, фирми од здруженија од сите оние кои што можат да помогнат малку за да можеме таа помош да ја дистрибуираме до најранливат категорија наши сограѓани во општините Охрид и Дебрца, вели Мимоза Ставрева.

„За жал списокот не можам да кажам дека се намалува. Ние соработуваме и со ЦСР од каде ги добиваме потребните информации за примателите на социјална помош, меѓутоа на нашата врата доаѓаат и луѓе кои што во одреден период од животот се соочуваат со тешки моменти во животот и на кои што им е потребна помош во тој период и секако ние се трудиме да излезиме во пресрет и да одговориме на на таа потреба во рамките на нашите можности. Затоа вратите на Црвен Крст Охрид се отворени преку цела година“.

Факт е дека се повеќе има многу гладни луѓе, кои не можат да си ги обезбедат редовните оброци во денот, вели Ставрева. Во двете општини, Охрид и Дебрца има околу 600 семејства кои што доаѓаат и имаат потреба неколку пати во годината да добиваат пакети со основни прехрамбени производи како и средства за лична хигиена. Ставрева вели дека охриѓани се хумани луѓе и упати апел до сите оние кои се во состојба да донираат, да го направат тоа не само за време на кампањите туку секој ден во просториите на Црвениот крст од Охрид, како би можеле луѓето од ранливата категорија во текот на цела година да ги добиваат основните прехрамбени продукти.