Skip to main content

Ветената серија инвестиции за изградба на капитални објекти во Охрид е во фаза на реализација

Ова беше одговорот на едно од советничките прашања од денешното издание на седницата на совет, прашање  кое е често поставувано, за кое одговорот се гледа, но сепак многу малку се зборува на таа тема.

 |   | 

Едно од советничките прашања на денешното издание на седницата на советот, беше и она на заменик градоначалникот Ангел Jанев, за тоа до каде е рализацијата на капиталните проекти во Охрид. Прашање за кое Јанев рече дека постојано се поставува од граѓаните на Охрид, одговорот се гледа, но многу малку се зборува на таа тема.

„Капиталните инвестиции за овие кои се ветени за кои граѓаните само претпоставуваат би сакал да ни кажете во која фаза се овие проекти и до кога се очекува нивната реализација“ запраша Јанев.

Овие проекти се во насока на подобрување на животот на охриѓани и веќе дел од нив се во фаза на реализиација. Проектите се однесуваат на подобрување на патната инфраструктура, потоа образование и здравствена заштита, како и реновирање на голем дел од здравствените установи. Тука е изградбата на две катни гаражи, и повеќе од 300 проекти во 15 области од живеењето. Се оди според планот и во реализацијата на проектот за изградба на затворен базен, и современата меѓународна автобуска станица, истакна градоначалникот Никола Бакрачески.

„Овој базен ќе биде изграден онака како што ветивме. Во овој момент за автобуската станица завршени се сите постапки во делот на урбаниситичко-планска документација која претходи на реализација на еден ваков проект и завршени се сите постапки за прибавување на одобрение за градба согласно условите во објавата за продажба на неизградено градежно земјиште“ објасни Никола Бакрачески, Градоначалникот на Охрид.

Изградбата на автобуската станица се очекува да започне во текот на наредниот месец, според законските прописи и регулативи. За два месеци се очекува и почетокот на изградба на долгонајавуваниот затворен пазар, додека инвеститорот кој треба да го гради домот за стари лица, за нешто повеќе од четери месеци треба да започне со изградба на истиот.