Skip to main content

Свети Климент Охридски – Милоста и милосрдието во Библијата и во Црквата

По повод 1.100 години од блаженото упокојување на свети Климент Охридски – великиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј, во Охрид  отворена Меѓународна конференција „Свети Климент Охридски – Милоста и милосрдието во Библијата и во Црквата“, во организација на Православниот богословски факултет „Свети Клиемнт Охридски“ од Скопје.

 |   | 

11 столетија се напојуваат продолжувачите и почитувачите на делото на Св.Климент, а сите ние сме наследници на чудесно и бесценето духовно богатство коешто не познава граници и кое колку повеќе се користи, толку повеќе се зголемува. На конференцијата која деновиве се одржува во Охрид,насловена како „Свети Климент Охридски – Милоста и милосрдието во Библијата и во Црквата“, обраќање пред учесниците имаше и поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Тој истакна дека Свети Климент е меѓу најзначајните за началото на црковното организирање и духовниот живот, и овде, на овие простори, и подалеку меѓу словенските народи и земји.

„Тој е меѓу челниците на сѐ што е големо и спасоносно во нашето минато и останува заштитник на нашата сегашност и иднина. Великаните не се такви само додека се живи, туку, преку своето дело – како такви се потврдуваат и во времињата потоа“, рече г.г. Стефан.

Пред, научниците и теолозите од богословските факултети при Универзитетите од Букурешт, Рим, Загреб, Белград, Санкт Петербург, Софија, Солун и Скопје,свое обаќање имаше и д-р Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија. Тој посочи дека потсетувањето на делото на голем народен светител и просветител, св. Климент Охридски, треба да ни помогне во заложбите да се остане верен кон трајните и вечни морални и етички принципи и вредности што нераскинлив дел од учењето што го проповедал светителот.
Борбата за правда е основна нитка и во македонската приказна, а таа правда се постигна, кога пред 25 години, Република Македонија стана независна и суверена држава. Со тоа се исправи една голема историска неправда кон народот на Македонија.

„Но, цели 25 години, не огорчува кога како држава се соочуваме со неправда. Кога ни се оспорува името, идентитетот, правото на самоидентификација, правото на човечко достоинство. Не огорчува кога сме неправедно блокирани во нашите европски и евроатлантски интеграции. Нè огорчува кога гледаме како ни се оспорува минатото, ни се блокира сегашноста и ни се одзема иднината“ подвлече претседателот Иванов.

Зборувајќи за современите општествени процеси, Иванов забележа дека глобализацијата создава генерации кои израснуваат со консумеризам, морален релативизам и екстремен индивидуализам, во свет кој е полн, со луѓе кои се полни со самите себе, каде личниот успех е се, а карактерот е сведен на прашање на личен избор. Конференцијата ќе трае во нарените неколку денови, а е во организација на Православниот богословски факултет „Свети Клиемнт Охридски“ од Скопје.