Skip to main content

Охридските теквондисти од Словенија се вратија со седум медали

Викендов што измина во Зрече, Словенија се одржа А класа теквондо турнирот „Словенија опен 2016“ кој е еден од најјаките и најпрестижни на овие простори. На интернационалниот турнир учествуваа 620 натпреварувачи од 32 клубови од 12 земји.

 |   | 

Викендов што измина во Зрече, Словенија се одржа А класа теквондо турнирот „Словенија опен 2016“ кој е еден од најјаките и најпрестижни на овие простори. На интернационалниот турнир учествуваа 620 натпреварувачи од 32 клубови од 12 земји.

На турнирот во Словенија македонски преставници беа членовите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец-Охрид кои настапија со вкупно 12 теквондисти. Во Словенија на турнирот репрезентациите настапија со кандидатите за влез во репрезентациите кои донсеаоа квалитетни и неизвесни борби во сите категории.

На свеченето отворрање на турнирот беа првите луѓе на светската ИТФ, претседателот проф. Мастер Ри Јонг Сон, потпретседателот Мастер, Марио Богданов, генералниот секретар на ИТФ, Ким Хјонг Рак, претседателот за организирање на турнири во ИТФ проф, Сениор Гранд Мастер, Ким Унг Чол кој е еден и од најдобрите мајстори во светот, и тука беше и претседателот на Европската ИТФ Гранд Мастер Мајкл Пруит, со што му дадоа најголемо значење на овај турнир.

Охридските натпреварувачи од турнирот во Словенија се вратија со седум медали од кои еде златен, три сребрени и три бронзени медали, и пехар за најдобар теквондисти во деца до 10 години кој го освои Давид Крстески. Со ова признание десетгодишниот теквондист само го потврди својот квалитет кој го демонстираше неодамна на турнирот во Босна и Херцеговина.

– Бевме оштетени од страна на судиите во финалните борби, каде што нашите натпреварувачи беа многу подобри, но за жал пристрасноста победи, со што резултираше со расправија помеѓу судиите поради лошите одлуки кон нашите теквондсит, а воедно имаше и дисциплинска за некои од нив. – информираат од клубот.

Освојувачи на одличја во Словенија:

Давид Крстески – 1 место форми деца жолт појас, 2 место борби -30 кг деца до 10 год при што беше оштетен во финале од судиите.и пехар за најдобар такмичар за деца до 10 години.

Елена Јанеска – 2 место форми девојки 10- 14 години жолт појас, која истотака беше оштетена во финале од страна на судиите.

Давди Велковски – 2 место форми јуниори зелен појас, кој исто така беше оштетен во финале од страна на судиите.

Хриситјан Митрески – 3 место борби кадети до 14 години + 60 кг

Антонио Јанески – 3 место борби кадети до 14 години -45кг

Јане Димов – 3 место борби Јуниори 14-18 години -75 кг