Skip to main content

Најранливите учесници во сообраќајот порачуваат

„Секој ден да е безбеден“, е новата републичка кампања за поголема безбедност на децата во сообраќајот преку која со која  ја потенцира највисоката општествена цел и врвниот општествен приоритет на поединците и на надлежните институции-безбедноста на децата.

 |   | 

„Секој ден да е безбеден“, е новата републичка кампања за поголема безбедност на децата во сообраќајот преку која со која ја потенцира највисоката општествена цел и врвниот општествен приоритет на поединците и на надлежните институции-безбедноста на децата.

Пораки од најмалите и најранливите учесници во сообраќајот до возачите. Денес учениците од сите основни училишта во градов едногласно испратија пораки до возачите со една единствена цел, поголема безбедност во сообраќајот. Учениците од второ до седмо одделение оградите од училиштата ги украсија со оригинални и пред се сериозни пораки.

„Ние сакаме да испратиме порака до возачите дека треба внимателно да возат и да внимаваат на нас децата кои сеуште сакаме да живееме среќно и да играме среќно. Возачите не треба брзо да возат затоа што на патот можеби има деца. Немој брзо да возиш има деца на патот“.

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата на град Охрид, ја спроведува републичката кампања, „Секој ден да е безбеден“. Станува збор за кампања насочена кон учениците, која денес се спроведува во сите основни училишта, информира Стефан Димоски, претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.

„На овој начин најмладите испраќаат најдирекна порака до учесниците во сообраќајот да внимаваат пред се на сите учесници на пешаците и секако на самите ученици бидејќи тие се една од ранливите категории учесници во сообраќајот, вели Димоски.

Оваа кампања има за цел да допре и до најмладите учесници во сообраќајот бидејќи тие се оние кои се најранливи, но и оние кои делумно внимаваат на сообраќајните правила и прописи. Беа ангажирани поголем број ученици и професори, кои помогнаа овие пораки на три наставни јазници да бидат напишани и испратени до сите учесници во сообраќајот, објаснува Елена Стојаноска – одделенски наставник О.У. „Братство единство“ Охрид.

„Самите деца да се едуцираат повеќе, самите да внимаваат дека нивниот живот е бесценет и самите да се чуваат од неприликите во сообраќајот“ потенцира Стојаноска.

И учениците и професорите од најголемото основно училиште „Христо Узунов“ денес се вклучија во оваа кампања.

„За таа цел нашите ученици изработија пораки со кои се обраќаат до возрасните учесници во сообраќајот, со содржина која упатува на тоа да се вози безбедно и според правилата“ вели Дијана Јулоска – педагог О.У. „Христо Узунов“.

Од РСБСП информираат дека во 2015 година, вкупно 22 лица на возраст до 18 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои девет биле деца на возраст до четири години.