Skip to main content

Голем број граѓани се собраа да го чествуваат големиот празник Митровден


Денес, голем број граѓани се собраа на градскиот плоштад пред импровизираниот црковен храм посветен на Свети Димитрија со цел да му оддадат почит на светецот и заеднички да го чествуваат големиот празник Митровден.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Врнежливото време не ја поколеба вербата на охриѓани. Денес, голем број граѓани се собраа на градскиот плоштад пред импровизираниот црковен храм посветен на Свети Димитрија со цел да му оддадат почит на светецот и заеднички да го чествуваат големиот празник Митровден. И годинава, веќе традиционално се организираше ручек за верниците кои се собраа на градскиот плоштад, а собирот беше збогатен со музичка програма.
Николина Велјаноска од црковниот одбор на Св. Димитрија вели дека убаво е на овој ден кога ќе се види насобраниот народ кој го чествува Митровден.

Ова е веќе единаесетта година како го  чествуваме овој празник на параклисот од црква св. Димитрија. Се што се служи на овој ден е донација од Општина Охрид, од повеќе фирми во градов како Тамаро, хотелите Белведере, Тино и многу други. Секоја година има се повеќе верници. И се надевам дека конечно на ова место ќе никне еден храм бидејќи остатоците на параклисот кои се најдени се од 6ти век, точно знаеме каде се наоѓаат темелите на црквата и  со името на Бога се надеваме дека што поскоро ќе се реализираа оваа наша желба, вели Николина Велјаноска од црковниот одбор на Св. Димитрија.   

Црковниот храм посветен на Св. Димитрија кој во минатото постоел на градскиот плоштадбил разурнат од страна на османлиите. Инаку, Свети Димитрија, како многу светители е посредник помеѓу обичните луѓе и Бога, затоа православниот народ му оддава достојна почи. Има голем број на храмови посветени токму во негова чест, а неговите свети мошти се наоѓаат во Солун во храмот кој го носи неговоти име.