Skip to main content

Македонија го одбележува светскиот ден за борба против СИДА

Но, ова е последниот 1 декември, на кој Македонија добива поддршка од Глобалниот фонд за спроведување на интервенциите од Националната програма за ХИВ.

 |   | 

Од 1987-та година откако се води статистика за епидемијата на ХИВ/Сида, па се до 25 ноември годинава, во земјава се региститрани 310 лица со ХИВ Сида, од кои починале 83 . Во Македонија само годинава се регистрирани 35 нови случаи, од кои 9 лица се заболени од сида додека 26 се ХИВ Позитивни. Најголем број од заболените се машки лица на возраст од 30-39 години. Во Охрид во 2015-та и 2016-та година нема ниту едно заболено лице од ХИВ Сида. Според експертите, доколку се одржи досегашното финансирање за ХИВ, може да се спречат 860 нови случаи на ХИВ до 2030-та година и дури 290 смртни случаи, меѓутоа, наместо да се обезбедат најмалку 65 милиони денари од буџетот, Владата за 2017-та година во буџетот одвоила само 27 милиони денари, што е далеку од доволно за терапија која е потребна за една година. Бидејќи Македонија e земја со ниска стапка на ХИВ-инфекција, треба сама да ги обезбеди средствата потребни за овие граѓани, истакна Д-р Јовака Стурлакова – епидемиолог Центар за Јавно здравје.

„Досега земјата добивала финансиска помош од Глобалниот фонд за ХИВ и туберколоза, но се очекува наредната 2017-та година лекувањето на болните од сида како и превенција на ХИВ позитивните лица да биде на товар на Минситерството за здравство“, Д-р Јовака Стурлакова – епидемиолог Центар за Јавно здравје.

Со кратење на буџетот најмалку 15.000 припадници на ранливи категории граѓани ќе останат без пристап до основните животно загрозувачки услуги за превенција и за рано откривање на ХИВ. Со скратениот буџет, предупредуваат невладините, Македонија се оддалечува од глобалните заложби за стопирање на епидемијата, ќе се затворат сите теренски и стационарни сервиси за ХИВ за групите со најголем ризик, кои функционираат во повеќе од 14 градови. Една од од нив е невладината „Опција“ од нашиов град. На денешената седница од страна на советничката Виолета Мицкоска, беше покрената една иницијатива за зачувување на овој сервис во нашата општина. Инаку, од Опција бараат само простор и покриваљње на режиските трошоци, за да можат да продолжат со функционирање.

„Не станува збор за никаков луксуз, станува збор за навистина хумана работа, која се однесува на најранливите категории на граѓани во Охрид, работа која пред се е превентивна, не само за наркозавинсиците, ние трба да спречиме, и колку повеќе НВО се вклучат, толку подобро за нас како општина“, Жаклина Лазареска – советник СДСМ – Охрид.

Општинската Организација на Црвениот Крст од Охрид пак, започна со низата активности во насока на одбележувањето на Светскиот ден за борба против Сидата но и за неделата на Борба против ова заболување, се со цел да се подигне нивото на свеста кај јавноста. Речиси во сите институтции волонтерите на црвениот крст ги поделија црвените панделки, заштитниот знак, на овој ден.

„Сидата постои, дури и во Македонија, и тој проблем има начин како да се третира, може да се лекува, може да се живее со СИДА, ете денес дознавме дека некаде од средината на декември ке се тестира вакцина против Сидата во Африка.Покрај овие активности ќе имаме и интерактирвни едукативни предавања, во текот на оваа Недела за борба против Сида со малдите од основните и средните училишта , од кои дел ќе се одржуваат тука во просториите на Црвениот Крст, а дел во училиштата“ посочи Сашо Точков, претседател на О.О. на Црвениот Крст од Охрид.

Точко објасни дека исто така предвидени се и доверливи советувања и тестирања на кои секој заинтересиран ќе може да го дознае својот ХИВ статус преку тестирање за вирусот на ХИВ со брзи-рапид тестови, како и добивање на корисни совети од страна на струни лица, за начинот на превенција и заШтита од ХИВ/СИДА.