Skip to main content

Најновите измени во Законот за безбедност во патниот сообраќај тема на денешната прес конференција на ВМРО за Македонија

Одредбите од законот со кои што е предвидена обврската на правните лица  да се врши аудио-видео снимање при обуката на кандидатите за возачи се избрзани, нејасни  и дискриминирачки за кандидатите и инструкторите, нарушувајќи го нивниот  личен интегритет и задирајќи  во нивната приватност  со можност за понатамошни бројни злоупотреби , обвини кандидатот за пратеник Рајко Домазетоски.

 |   | 

Одредбите од законот со кои што е предвидена обврската на правните лица да се врши аудио-видео снимање при обуката на кандидатите за возачи се избрзани, нејасни и дискриминирачки за кандидатите и инструкторите, нарушувајќи го нивниот личен интегритет и задирајќи во нивната приватност со можност за понатамошни бројни злоупотреби , обвини кандидатот за пратеник Рајко Домазетоски.

Тој најави дека коалицијата ВМРО за Македонија, ќе донесе Нов закон за Безбедност на сообраќајот на патиштата по европски терк, преиспитување на работата на испитните центри , намалување на даночната стапка од 18% на 5% на трошоците за полагање на возачкиот испит и други мерки.

„Неоспорен е фактот дека со воведувањето на аудио и видео снимање во пцесот на оспособување на кандидатите за возачи во сите фази и сегменти законодавецот планирал да се зголеми квалитетот и нивото на обука што би резултирало до еден нов квалитет на обука и оспособување на идните кандидати за возачи, меѓутоа самиот факт дека воведувањето на вакви еднострани и рестриктивни мерки“, рече Домазетоски.

„Би сакал во оваа прилика да ги запрашам пратениците од ВМРО ДПМНЕ, од изборна единица бр. 5 а тоа се Николоски , Василески, Кукоски, Затуроска и Аврамоски , од кои што повеќето од нив и на овие избори ќе ја побараат поддршката од гласачите , а со оглед на тоа дека на претходните избори едногласно тврдевте дека ќе бидете гласот на народот во парламентот, кого го консултиравте за да гласате за ваквите законски решенија, кој ви го даде ваквото право и со што ние како обични граѓани заслужуваме да ја трпиме оваа тортура која што ни е наметната.Од вашите инстант реформи во образованието , правосудството, здравството и другите сфери на општественото живеење ја доведовте државата до степен како да е зафатена од цунами“ потенцира Домазетоски.

„А од европскиот модел на обука на кандидатите за возачи кој што го воспоставивте, остана само цената од, минимум 500 еура, која што мораат да ја платат граѓаните за да се стекнат со возачка дозвола, која што пак во 21 век за жал претставува луксуз“ посочи Домазетоски.