Skip to main content

Паднаа уште пет дрва во градов

Исечени се 5 дрва во близина на Охридска банка и ЕВН. На тој простор каде правеа сенка два даба и три зимзелени дрва, веќе е празно.  Три од стеблата биле исечени со дозвола но за две немало одобрение од локалната.  Зеленилото во градов го снемува пред наши очи, а никој ништо не презема.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Паднаа уште пет дрва во градов. Исечени се стеблата на дрвата кои се наоѓаа во близина на Охридска банка и ЕВН. Граѓаните изреволтирани од уништувањето на зеленилото во градов велат дека од една страна се прават некакви акции за пошумување и садење дрва, а од друга страна повеќегодишни стебла се сечат без мерка.

Од Локланата самоуправа објаснуваат дека уште пред неколку години се барало одобрение за сечење на дрвата на ова место. Барањето го доставиле од ЕВН и се однесува само на три стебла со образложение дека се стари и преставуваат опасност за минувачите и за просториите на ЕВН кои се наоѓаат во непосредна близина.

За сечење на овие дрва е издадено решение од општинската комисија уште пред две години. Утврдено е дека тие дрва се исушени и не е тука ништо спорно. Се работи за два бора и еден кедар за кои е дозволено да се сечат, Tоме Џамтоски- портпарол на Локаланата самоуправа.


Но, не се исечени само двата бора и кедерот туку уште две стебла на даб. За нив нема дозвола за сечење, вели Џамтоски. Денес инспекторот за животна средина излегол на терен и утврдил дека не е постапено согласно решението издадено од комисијата за сечење дрва. Направен е записник кој ќе биде доставен до службите на ЕВН после што следува постапка и соодветна пријава. Но, штетата е веќе направена. Во време кога се поголем е процентот на загаденост на воздухот и кога е потребно што повеќе зеленило, Охрид од ден на ден ги губи своите бели дробови.