Skip to main content

Земон: Градиме едно обединето опшетство, петтиот столб во програмата „За живот во Македонија“

Градиме едно обединето опшетство, петтиот столб во програмата „За живот во Македонија“ на Коалицијата за предвремените избори предводена од СДСМ тема на денешната прес конференција на која говореше кандидатот за пратеник од Алијанса за позитивна Македонија, Рубин Земон.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Нашите цели при градењето на едно општество се: Враќање на слободата и демократските вредности во општеството, Вреднување на луѓето не според етничката или каква било друга припадност, туку според капацитетот што можат да го вложат во развојот; Слобода во изјаснувањето на секој личен идентитет, кажа Земон. Тој обвини дека нашето политичко уредување се претворило во коруптивна ЕТНО КРАТИЈА. Власта во изминатите години избра да води политика на поделби и предизвикување на конфликти кои луѓето ги поделија на „наши“ и „ваши“, кажа Земон.

„Власта наместо да стимулира толеранција и доверба, постојано стимулираше и подгреваше раздор и поделеност. „Големи патриоти” од власта, Македонци и Албанци, успешно го користеа создавањето на поделбите во општеството за да ја „маскираат“ не фер распределбата на доходот и богатството во своја корист. Нашиот план се состои во градење на граѓанска држава на сите што живеат во Македонија: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, Египќани, Црногорци, Хрвати, Бугари, Словенци, Пољаци, Ерменци, Руси, Украинци, Евреи и сите други помали заедници. Ќе градиме мулти-културно општество во насока на поголема интеркултурна комуникација и градење дух на почитување и разбирање на културниот плурализам. Ќе поддржиме јазична политика во согласност со потребите и интересите на поединците и на општеството. Ќе работиме врз намалувањето на социјалните и економските разлики помеѓу заедниците преку проекти со интеграциски цели и преку инвестирање во непристрасна држава. Ќе поддржиме програми кои што, заедно со мерките во образованието, социјалната политика и понатамошниот културен развој, треба да ги ослободат младите од етничките стеги и од меѓусебните предрасуди и да им овозможат комуникација во која, предсè, заемно ќе се почитуваат. На крај сакам да ги охрабрам граѓаните од социјално ранливите категории, да едниствено за време на гласањето ја имаат моќта на власта и владеењето со државата. Нека не дозволат да нивното достоинство биде поткупено, и да гласаат според своите ставови за подобра иднина за ним и нивните поколенија и на сите нас т.е. да гласаат „За Живот“