Skip to main content

Арнаудов: Следуваат многу проекти во патната инфраструктура на Охрид

Денешната пресс конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ се одржа во Пештани. Кандидатот за пратеник во 5 ИЕ, Д-р Љубен Арнаудов рече дека ВМРО ДПМНЕ изминативе години започна инвестициски циклус во делот на патнта инфраструктира, се спроведоја голем број реформи и услуги со што се олесни функционирањето на транспортниот систем. Тој додаде дека во делот на патната инфраструктура  во градот Охрид предвидени се многу проекти.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Предвидена е реконструкција на патот с.Лескоец-с.Долно Лакочереј-с.Горно Лакочереј во должина од 4,6 км
 Исто таканзначаен проект е реконструкцијата  на локален пат во Рача во вредност од скоро 4 милиони денари
Како еден од позначајните проекти за градот Охрид е изградбата на нов експресен пат Охрид-Пештани кој ќе се гради паралелно со стариот пат во должина од 14,5 км. Изградбата на овој пат е од големо значење за развојот на туризмот во охридскиот регион но исто така овој експресен пат е неопходен бидејќи со неговата изградба ќе им се олесни движењето на граѓаните кои живеат во Галичкиот предел,посебно во летниот период .
ВМРО ДПМНЕ продолжува со реализација на планираните проекти кој се во насока на зајакнување на инфраструктурата во Република Македонија. Како и претходните години, мотивирани и посветени ќе продолжимеда работиме за потребите на граѓаните да ја направиме нашата земја поквалитетно место за живеење, затоа ја добиваме подршката од граѓаните сите овие години и несомнено ќе ја добиеме и на 11 декември, рече Арнаудов.