Skip to main content

Василески: СДСМ со митинг се враќа на местото на злосторот

Митингот на СДСМ во Охрид, од ВМРО ДПМНЕ го оквалификуваа како враќање на злосторниците на местото на злосторот.

 |   | 

Токму во градот Охрид во кој во нивно осумгодишно владеење оставија над 50 милиони евра долг, СДСМ преку нивниот митинг ќе даваат ветувања за подоборување на стандардот на нашето општество, кажа кандидатот за пратеник од ДПМНЕ, Сашо Василески.

„Токму градот Охрид и она што тие го направија со него е пример за она што сакаат да направат во иднина доколку ја добијат власта со цела република Македонија.СДСМ е класичен пример за катинар партија. Во Охрид во најболната транзиција беа затворени 34 компании. Брутално беа избркани на улица наши родители, дедовци, 21.000 луѓе од Охрид.Ова лие примерот за вашиот план за живот?„Во ваше време над 600 фабрики бе затворени во РМ и над 240.000 луѓе беа исфрлени на улица. На што ви асоцира оваа бонбона? На бонбона бизнисот на носителката на изборната еднициа број 5 со нејзиниот потпис на приватизцијата на електростопанството на РМ само во охрид беа исфрелни за еден ден 60 семејства на улица. Тоа ли е план за живот? Еве ги повикуваме денес им е таа шанса , челниците на СДСМ да им одговорат на охриѓани за изјавите поврзани со двојазичноста, на целата територија на РМ за нарушување на унитарноста и воведување на федерализацијата и кантонизацијата на РМ“ истакна кандиатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, Сашо Василески.