Skip to main content

Денес слават волонтерите од целиот свет

Волонтерството е доброволно давање на услуги инспирирано единствено од слободната волја, а не од желбата за материјална или финансиска добивка кое има за цел намалување на ранливоста на населението. Придонесот на волонтерите не само што го подобрува животот на ранливото население со кое работат, туку го подобрува и животот на волонтерите и нивните заедници.

 |   | 

Волонтерството е доброволно давање на услуги инспирирано единствено од слободната волја, а не од желбата за материјална или финансиска добивка кое има за цел намалување на ранливоста на населението. Придонесот на волонтерите не само што го подобрува животот на ранливото население со кое работат, туку го подобрува и животот на волонтерите и нивните заедници.

Ѓоко, Јана, Љубица и Ѓоко инаку волонтери од охридскиот црвен крст, денес го слават совјот празник. Желбата да се помогне, да се биде дел од нешто поголемо и да се научи повеќе, биле основните мотиви кои овие млади луѓе ги поттикнале да станат дел од волонтерскиот тим на Црвениот Крст од нашиов град.

„Се сеќавам дека во црвениот крст дојдов преку еден бесплатен курс за компјутерски мрежи кој се реализираше во соработка со универзитетот за информатиќки науки и технологии од Охрид, а активност на која најмногу се сеќавам и сум имал бенефит од неа е ЦКА-ПХВ зошто преку оваа програма обичните ученици се трансформираат во општествено корисни и активни граѓани.„Ова чуство е неверојатно, да помагаш на луѓе без да си принуден на тоа, доброволно да им помагаш, исто најголем впечаток ми остави ЦКА-ПХВ каде оваа година учествував бев лидер на мојот проект, помогнавме на многу деца од социјално загрозени фамилии кои ги немаат истите услови кои ние ги имаме.„истовремено стекнуваме многу нови пријателства и помагамае на сите оние на кои има е потребно тоа.„Окако сум волонтер во овие три години, научив многу од тренерите за врсничка едукација, пред три недели бевме во Струга на предавање за сексуално преносливите инфекции.“

Волонтерството ги развива граѓанските норми на едно општество. Станува збор за глобален феномен стар колку што е стара цивилизацијата. Многу внимание се посветува на привлакување на млади луѓе кои треба да станат идни волонтери, да станат движечка сила не само на Организацијата на Црвениот крст,туку и на општеството во целост. Посветеноста на волонтерите кон волонтирањето не само што раѓа самопочит, туку создава почит и кон оние на кои им се помага и бара надградба на капацитетите на самиот волонтер, кои понатака му се потребни за спроведување на активностите, вели првиот волонтер на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точков. Точков сеуште се сеќава на наеговото прво волонтерско искуство.

„Во црвениот крст сум од 2004-та година, значи полни 12 години, а првата волонтерска активност сум ја имал уште на факлутет во рамки на Црвениот крст на Сјухгославија, кога бев испратен на еден семинар кој беше на некој начин работен, тоа ми беше и провто волонтерски искуство“ објаснува Точков.

Црвениот крст на Република Македонија како составен дел од ова движење се гордее што во своите редови има 3.400 активни волонтери, над 7.800 регистрирани членови и е една од најголемата хуманитарна организација во држават.а. Општинската организација на црвениот крст од Охрид пак, брои 1000 волонтери од кои 700 се активни.