Skip to main content

Патот до селото Рамне не е соодветно исчистен

Патот до селото Рамне не е соодветно исчистен.

 |  Валентина Неловска  | 

Стамен Димоски од Рамне, кој постојано живее во оваа населба оддалечена од градот само 4 км, се жали на неисчистениот  пат кој води до нивното село. Тој за ТВМ вели дека пред неколку дена дошла  машина за чистење но наместо да го исчисти снегот само го затапкала и се расипала машината. Патот остана не исчистен,  посочува Димоски. Тој се жали дека со неисчистен пат се соочуваат  со години, а во селото има голем број жители кои постојано живеат или доаѓаат секојдневно од градот заради тоа што чуваат добиток.

„Песок има над магацините, кај кривината за Рамне, до тука има сол и толку е сета работа. Не можеме да врвиме по патот ќе се отепаме многу е замрзнато. Нека преземе Локалната самоуправа да се исчисти патот сега доаѓа  и празникот Водици луѓето ќе треба да одат  в црква, “вели Димоски.

Како се одвива сообраќајот во неколку охридски села ТВМ ги контактираше претседателите на неколку месни заедници. Тие кажуваат дека патиштата се тешко проодни. На  патниот правец Охрид – Св. Наум автобусите возат со 10 миниту доцнење, велат трпејчани.

Од ЦУК побаравме коментар дали  е точна информацијата дека некои села во охридско и Дебрца се отсечени непроодни. Митко Темелкоски  од ЦУК на тоа вели дека патниот сообраќај на регионалните, магистралните и локалните патни правци се одвива во отежнати зимски услови , потешко се проодни, но  се чистени.  

ramne„Според информацијата од Локалната самоуправа  од Охрид патните правци се третираат и со огелд дек аима ниски тепертаури и ефикаснсоат на абразивните сртдтва беа со  мал ефект. Се преземаа и ќе се преземаат мерки тие патни прваци да бидат повторно третирани со расчистување и опесочување“, информира Темелкоски.  

Од ЦУК најавуваат дека службите ќе работат на расчистување на патните правци и по најавите декa за време на викендот се очекуваат  нови снежни врнежи. Што се однесува до напојувањето со елeктричнa струја и од ЦУК и од ЕВН Македонија информираат дека   напојувањето на домаќинствата со струја  засега се одвива без проблеми.