Skip to main content

Марина ќе се гради на локацијата пред центарот за обука на вода на АРМ и езерската полиција

Марина ќе се гради на локацијата пред центарот за обука на вода на АРМ и езерската полиција, изјаваи денес  претседателот на општинската ВМРО-ДПМНЕ и пратеник д-р Љубен Арнаудов. Овој проект треба да се реализира од 2018-2020 година.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Од 2018-2020 година ќе се реализира проектот за изградба на марина во Охрид, рече на денешната прес конференција претседателот на општинската ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Д-р Љубен Арнаудов. Марината според првичните проекции ќе  чини 2 милиони евра, а целта со нејзината изградба е да се задоволат потребите на сопствениците на пловни објекти во Охридското Езеро.


Марината ќе се гради на локацијата пред центарот за обука на вода на АРМ и езерската полиција. Ќе има најсовремена инфраструктура која ќе овозможи сместување на минимум 300 помали пловни објекти, 10 бродови и осовременување на пристапите за бродови и зголемување на просторот за маневрирање. Исто така марината ќе има и други содржини како ресторан, продавница за наутичка опрема, сервис за пловила, бензиска пумпа, паркиралиште за возила и приколки, административен дел и магацински простор, рече Арнаудов.


Тој потсети и на ветената изградба на нов експресен пат Охрид-Пештани кој ќе се гради паралелно со стариот пат во должина од 14,5 километри.


Со изградбата на овој пат ќе се допринесе за развојот на туризмот во охридскиот регион, но исто така овој експресен пат е неопходен бидејќи со неговата изградба ќе им се олесни движењето на граѓаните кои живеат во галичкиот предел како во летниот така и во зимскиот период, додаде Арнаудов.


ВМРО ДПМНЕ секогаш тежнее кон  реазлизација на ветените проекти, но и се залага за националните интереси , рече Арнаудов. Дадените ветувања ќе ги исполниме, а при тоа нема да ја загрозиме животната средина, додаде тој.