Skip to main content

Поднесете годишна даночна пријава

Од Управата за јавни приходи ги потсетуваат граѓаните на нивната обврска, за задолжително поднесување на Годишна даночна пријава, најдоцна до 15-ти март 2017 година.

 |   | 

Од Управата за јавни приходи ги потсетуваат граѓаните на нивната обврска, за задолжително поднесување на Годишна даночна пријава, најдоцна до 15-ти март 2017 година.

Се поднесува Годишна пријава доколку граѓанинот во изминатата 2016 година, освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, остварил и дополнителни приходи од: ќирии (издавање на имот – закуп или подзакуп); авторски права; индустриска сопственост; исплатена дивиденда; капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот; поединечна добивка од општи игри на среќа (лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа) во износ поголем од 5.000 денари; игри на среќа преку специјализирани странски интернет страници; интернет (е-трговија; услуги извршени преку специјализирани страни; прогнози (дојави) на типови за спортски натпревари); лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија; работно ангажирање во амбасада, мисија на меѓународна организација и други дополнителни приходи, надвор од редовната плата или пензија.

Работодавачот, односно исплатувачот на приходот, кој исплатил приход во изминатата година, има законска обврска најдоцна до 25 јануари 2017 година да издаде збирна пресметка во која ќе бидат искажани вкупните износи на исплатени приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2016 година.

– Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИОМ) издава податоци за исплатите, односно збирна пресметка на годишната бруто пензија, социјални придонеси и персонален данок. Фондот за здрaвствено осигурување (ФЗО) издава податоци за исплатите, односно збирна пресметка на годишнoтo породилното боледување, социјални придонеси и персонален данок. Збирните пресметки се неопходни за да можете точно и навремено да ги пријавите приходите во Годишната даночна пријава, велат од УЈП.

Годишната даночна пријава е бесплатна и може да се преземе од веб страницата на УЈП (http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/21). Исто така Годишната даночна пријава може да се пополни он-лајн и да се поднесе електронски преку https://etax-fl.ujp.gov.mk.

За повеќе информации граѓаните можат да се јават во Инфо центарот 0800 33 000.