Skip to main content

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Хидробиолошки завод и Музејот на езерото Бива

Потпишан меморандум за соработка во научната област помеѓу  Хидробиолошки завод Охрид и Музејот на езерото Бива од Јапонија. Со потпишувањето на овој документ локалните власти и научните експертски тимови ќе можат да разменуваат искуства за заштита на овие езерски еко системи.

 |  Јаковлева Лионела  | 

ЈНУ Хидробиолошки завод и Музејот на езерото Бива од Јапонија денес потпишаа договор за соработка во научната област. Охридското Езеро и езерото Бива од Јапонија се едни од најстарите езера во светот и имаат голем број заеднички карактеристики. Со потпишувањето на овој меморандум локалните власти и научните експертски тимови ќе можат да разменуваат искуства за заштита на овие еко системи. Двете институции во иднина ќе иницираат реализација на заеднички проекти.

Соработката меѓу двете институции ќе се одвива на две нивоа, во научно – истражувачката дејност и на ниво на музеи. Во делот на научно-истражувачката соработка ќе се вршат заеднички испитувања на реликтните видови и староста на езерата, додека музејската соработка ќе биде во насока на претставување на Охридското Езеро во Музејот на езерото Бива. Постојана поставка ќе вклучува фотографии на историски артефакти или реплики поврзани со животот на мештаните, рече директорката на НУ Хидробиолошки завод, Елизабета Велјаноска-Сарафилоска.

Директорот на музејот на езерото Бива, Тори Шинохара рече дека ги радува фактот што локалното население во Охрид, но и целата македонска јавност покажува силна заложба за заштита на животната средина и езерото.


Се наоѓаме на стартната точка на овој договор. Нашите очекувања се дека ќе се интензивира меѓусебната научно-истражувачка соработка, објасна Шинохара.


Од езерото Бива во Јапонија со пивка вода се снабдуваат 14 милиони жители. Ние треба да сме среќни што го имаме Охридското Езеро и треба да го почитуваме како природно богатство, потенцираше Велјаноска-Сарафилоска.