Skip to main content

Општина Охрид и Јапонија ја продлабочуваат соработката

Општина Охрид и Јапонија ја продлабочуваат соработката. Денес од страна на градоначалникот Никола Бакрачески беше примен  Д-р Тори Шинохара, директорот на Музејот на езерото Бива со кој покрај за соработката со Јавната национална установаХидробиолошки Институт, беше разговарано и за останатите можности за соработка помеѓу Охрид и Бива.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Се продлабочува соработката помеѓу Општина Охрид и Јапонија. По иницијатива на градоначалникот на општина Охрид Д-р Никола Бакрачески, а во соработка со Министерството за надворешни работи и амбасадата на Р.М. во Јапонија, уште минатата година започнаa низа активности за потпишување на Меморандум за соработка помеѓу научно- истражувачките институции од двете држави и тоа Музејот на езерото Бива од Јапонија од една и ЈНУ Хидробиолошки Институт од Охрид, од друга страна. Градоначалникот Никола Бакрачески активно е вклучен и го поддржува целиот процес, тој уште во Март 2016 година во својот кабинет, организира прием за Амбасадорката на РМ во Токио Јапонија,  Андријана Цветковиќ, на кој прием беше разговарано за поконкретни чекори на соработка на двете институции, но и за можностите за продлабочување на соработката и во останатите свери на живеење.

Амбасадата е активно вклучена во координација со општината во туристичка промоција на Охрид. Знаете дека минатата година Охрид беше ставен во потесниот круг на триесет најдобри дестинации во светот. Оваа рангирање беше во организација на јапонските туристички асоцијации во конкуренција на 169 земји. Нашата амбасада во Токио беше активно вклучена во процесот на соработка на јапонската агенција за меѓународна соработка ЏАЈКА во врска со рехабилитација и реконстрикција на колекторскиот систем, вели Бакрачески.


Денес од страна на градоначлникот беше примен  Д-р Тори Шинохара, директорот на Музејот на езерото Бива со кој покрај за соработката со ЈНУ Хидробиолошки Институт- Охрид беше разговарано и за останатите можности за соработка помеѓу Охрид и Бива.


Сакам да искажам голема почит кон амбасадорот на Република Македонија во Јапонија Д-р Андријана Цветкович и нејзините огромни напори направени во насока на промоција на овој договор, кој ќе биде корисен за двете страни особено во полето на научниоте испитувања, особено нашето заедничко поле на интерес, испитувањето на старите езера. Исто така сакам да искажам огромна благодарност, кон топлото добредојде кое ни го приредија нашите охридски домаќини, рече Шинохара.

Јапонската делегација ќе ја проследи и Манифестацијата Богојавление- Водици. Целта е што поголем број гости од јапонија да се привлечат да го посетат градот во зимскиот период токму за време на верските празници кои се наше обележје.