Skip to main content

Хуманитарна акција на Општина Охрид и Црвен Крст Охрид, во пресрет на празникот Богојавление – Водици

Општина Охрид во соработка со општинската организација на црвениот крст од градов, поделија педесет хуманитарни пакети на лицата со загрозен социјален статус.

 |   | 

Уште еден хуман потег на Опшина Охрид и Општинската организација на црвениот крст. Во пресрет на големиот христијански празник, Богојавление- Водици, беа поделени 50 хуманитарни пакети, составени според стандардите на Меѓународната федерација на Црениот Крст, со намирници потребни за едно четиричлено семејство. Инаку, ова е само една од низата вакви активност, за помош на ранливите категории граѓани, изјави Гордана Коњаноска – Претседател на Совет на Општина Охрид

„Една во низата на повеже хуманитарни акции кои што предвидуваат извесна помош на семејствата во социјален ризик, значи за голем број семејства ќе бидат поделени пакети коишто содржат некои основни преханбени продукти и прозиводи за одржување на домаќинството“, Гордана Коњаноска – Претседател на Совет на Општина Охрид.

На ваков начин додаде Коњаноска, се прави обид да се одбележат повеќе празници, без разлика дали станува збор за верски или друг вид на празници, а со овој мал гест локалната сака да покаже дека и социјално ранливите групи на граѓани може да ја почуствуваат радоста на секој настан.

„Тоа е категорија на луѓе која не е заборавена од зааедницата, за која пројавуваме заедничка грижа со невладиниот сектор и тоа се сепак едни симболични чинови коишто моментно и во очи на празниците треба да донесат радост во семејствата и подобрување на материјалната состојба за конкретниот ден“, Гордана Коњаноска – Претседател на Совет на Општина Охрид.

Претседателката на советот објасни дека во секој случај продолжува суштинската грижа за ранливите категории на граѓани, преку зголемување на бројот на вработените како и решавање на проблемите со домувањето.