Skip to main content

Верниците утринава ги исполнија охридските храмови за Богојавление

Верниците утринава ги исполнија охридските храмови за Богојавление.

 |  Валентина Неловска  | 

Бог се јави, вистина се јави. Со овие зборови  православните христијани  се поздравуваат на денешниот  голем  празник Богојавление Водици. Сите парохиски цркви од изутринава беа исполнети со верници кои присуствуваа на служењето света божествена литургија.  За сите нив празникот Богојавлениe има големо значење, а сите  посакуваат радост, среќа и берикет.
На Богојавление Спасителот  Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. За време на крштевањето  Бог јасно и конечно се пројави како Света Троица, Отец, Син и Дух Свети. Додека Христос излегувал од водата небото се отворило и на него, во облик на гулаб, се спуштил Светиот дух, при што се слушнал гласот Божји: „Мои љубени, ова е Синот на мојата волја“. Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух.
Радоста на празникот Богојавление е  во верата дека сѐ може одново да се измие, исчисти, обнови и повторно да се роди. 

По  фрлањето на крстот  водата се осветува и  се полни во шишиња. По осветувањето водата престанува да биде вода на падот и станува вода на обновување, бидејќи се соединува со несоздадената благодат Божја.Се верува дека таа има лековита моќ и се чува во текот на целата  година. При некоја мака или болест се пие бидејќи се верува дека  е балгословена и дека  помага .