Skip to main content

Јасмина Маркоска по се изгледа ќе биде замената на советничката Жаклина Лазаревска

Жаклина Лазаревска, советничката во Градскиот совет, од редовите на СДСМ добива замена. Бидејќи Лазаревска стана пратеник во собранието на РМ мандатот како советник и престанува, а на нејзино место доаѓа помлада колешка од редовите на оваа партија.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Јасмина Маркоска по се изгледа ќе биде замената на советничката Жаклина Лазаревска која од редовите на СДСМ речиси четири години го застапуваше гласот на граѓаните во општинскиот совет. На Лазаревска и престанува мандатот како советник бидејќи ќе седне во собраниските клупи како пратеник од 5ИЕ. Маркоска ќе го добие советничкото место бидејќи таа е наредна жена на листата за советници, а според принципот на рамноправна застапеност на двата пола во советот Лазареска треба да ја замени нејзина колешка, а не колега. Мандатот на нејзиниот наследник ќе биде верификуван на 25-ти јануари кога ќе се одржи 67-та седница на Советот на општина Охрид. На новата советничка и остануваат само неколку месеци за да се докаже и покаже во градскот совет. Локаланите избори најверојатно ќе се одржат на 7ми мај после што ќе биде конституиран новиот состав на Совет на општина Охрид.
На дневен ред на седницата закажана за во среда, ќе бидат дури 60 точки, во најголем дел одлуки за легализација на бесправно изградени објекти.