Skip to main content

Љупчо Танески е новиот претседател на Управниот одбор и нов извршен директор на Р.К. „Охрид“

Танески за ТВМ ексклузивно најави дека на дел од ракометарите кои потекнуваат од Охрид, а се дел од младинските и јуниорските школи и екипи на клубот, ќе им бидат понудени професионални договори.

 |   | 

За нов претседател на Управниот одбор како и нов извршен директор на РК Охрид, без ниту еден глас против, е избран Љупчо Танески, спортски работник, кој доаѓа на местото на Димитар Спасески кој раководната функција ја извршуваше во изминатите три години. Новиот извршен директор на клубот најави дека серизно ќе се посвети на работата во клубот со цел продолжување на позитивните резултати во Супер лигата и Купот на Македонија, а најави и сериозна можност младите ракометари да започнат професионална спортска кариера токму во овој клуб.

„Веќе еве ексклузивно да кажам дека периодов кој следува, можеби во тек на месец февруари на дел од ракометарите кои потекнуваат од Охрид, кои се дел од младинските и јуниорските школи и екипи на РК „Охрид“ ќе им бидат понудени професионални договори и така тие на подолг период ќе останат во РК „Охрид“, кажа Љупчо Танески – претседател на Р.К.„Охрид“.

Собранието го прошири Управниот одбор на клубот со уште неколку членови. За спортски директор е именуван Ѓоко Апостолов. Танески е спортски работник и државен службеник вработен во локалната самоуправа, која и натаму останува еден од главните финансиери и помагатели на клубот.
Танески се надева дека и во иднина ќе продолжи соработката од бизнис секторот од градов.

„Се разбира тука се и нашите верни помагатели, сите овие три четири години тоа се неколку охридски фирми, коишто се надевамд ека и во периодот кој следува, ќе продолжат со финансирање на овој професионален спортски клуб кој години наназад ја добива наградата како најдобар спортски клуб на територијата на Општина Охрид“ потенцира Љупчо Танески – претседател на Р.К.„Охрид“.

Собранието исто така донесе одлука со која го прошири УО на клубот со уште неколку членови. Охрид се наоѓа на второто место во Супер Лигата и има обезбедено место во плеј-офот, со што го повтори најголемиот успех во историјата на клубот.