Skip to main content

Заменете ги дозволите за поседување оружје

Министерството за внатрешни работи ги информира сите граѓани од републикава, дека согласно одредбите од Законот за оружјето, рокот за замена на дозволите за поседување и носење на оружје истекува на 12-ти април.

 |   | 

До наведениот рок граѓаните и правните лица кои поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барање за нивна замена.
Рокот за замена се однесува на дозволите за поседување и носење на оружје, овластувањата за носење на оружје и дозволите за поседување на оружје издадени согласно Законот за набавување, поседување и носење на оружје.

Барањето треба да биде поднесено во Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност, Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи според место на живеење на физичкото лице, односно седиште на правното лице.