Skip to main content

Акција на „Чист Охрид“ кај Рамне

Екипата на Чист Охрид ја посети локацијата во Рамне, како локација со огромна количина на отпад. Волонтерите на „Чист Охрид“ затекнаа голем број пластични шишиња, делови од WC школки, искршени пластични столици, стаклени тегли, градежен шут, најлонски кеси, како и еден двосед, но најлошиот дел се состоеше од голем број употребени шприцови и игли, од кои еден дел беа надвор од пакувањето и исклучително небезбедни за собирање, како и голем број употребени презервативи. 

 |   | 

Главната причина за ваквата состојба, освен недостигот на свест кај граѓаните, секако е и зафрленоста на локацијата, која очигледно се користи како депонија, велат од „Чист Охрид“.

Беа собрани неколку вреќи ѓубре, но од здружението велат дека станува збор за огромна количина отпад, поради што ќе мора да се оперира на оваа локација подолг период со цел отпадот да биде отстранет.

Медицинскиот отпад што го собравме есоодветно складиран во контејнер за медицински отпад, потенцираат од „Чист Охрид“.