Skip to main content

Промоција на руско македонската поштенска марка во Охрид

Два значајни града со препознатливи објекти се најдоа на новата руско македонска марка. Од македонска страна тоа е Св Јован Богослов Канео кој што бдее над Охрид и Охридското Езеро. Додека пак на руската е претставена црквата односно соборот Св Тројца од Санкт Петербург кој исто така е еден импознатен и препознатлив објект од културно историско значење на Руската федерација

 |  Николоска Биљана  | 

 

Од Охрид, лулката на христијанството, од градот на словенската писменост и култура, денес беше промовирана поштенската марка посветена на знаменитостите на Охрид и Санкт Петербург. Денес во куќата на Уранија беше промовирано изданието на Руската пошта од заедничкиот проект за издавање на руско македонска марка, додека пак пред две недели во Скопје беше промовирано македонското издание. Пријателската соработка со Руската федерација посебно на полето на проширување на туристичката понуда на градот, продолжува, истакна првиот човекна градот Никола Бакрачески

„Овој чин претставува своевиден нов инвентивен начин на промоција на туристуричката понуда на Охрид, но и на богатото културно историско наследство на градот и во исто време претставува вовед во понатамошните активности кои што заедно со почесниот конзул на русктата федерација во Македонија проф. Стојкоски ги разговаравме претходно, соработки на неколку полиња со градови и компании од Руската федерација. Активно работиме на создавање на потребните услови за организирање на туристичката понуда на Охрид во Русија, за организирање на средба со агенцијата за туризам на Русија

Конзулот на руската федерација во Охрид Проф. д-р Велимир Стојковски истакна дека тоа што Охрид се наоѓа на марката не е случајно, бидејќи историјата на Охрид е вткаена во светските цивилизациски придобивки.

„ Марката печатена во Русија кој што денес ја промовираме е уште еден придонес во насока на промовирањето на нашиот Охрид пред светот на неговата богата историја и неговите непроценливи културни природни богатства. На македонската марка исто како и на руската се претставени два значајни града со два значајни и препознатливи објекти. Од македонска страна тоа е Св Јован Богосклов Канео кој што бдее над Охрид и Охридскот Езеро и е препознатлив симбол на градот и на РМ . На руската е претставена црквата односно соборот Св Тројца од Сан Петербург кој исто така е еден импознатен и препознатлив објект од културно историдско значење“

Уметник дизајнер на руските марки е Алексеј Грубишев. Марките промовирани и печатени и во Македонија имаат номинална вредност од 144 ден, а руската е со номинална вредност од 43 рублји.