Skip to main content

Притвор за осомничениот за убиството на охридската пензионерка

Поради постоење основи за сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К. (37) од Куманово, со привремен престој во стан на улицата „Галичица“ во Охрид.

 |   | 

Поради постоење основи за сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К. (37) од Куманово, со привремен престој во стан на улицата „Галичица“ во Охрид. Него, Основното јавно обвинителство му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е пренесен во казнено поправна установа-затвор во Скопје.

На 20-ти овој месец во 11 часот и 45 минути, пријавениот, со цел стекнување противправна имотна корист, поsвонал на станот од неговата соседка, сега починатата Спаса Б. (67) од Охрид. Пријавениот, претходно се осигурал дека таа е сама во станот и подготвувајќи се да го изврши кривичното дело, земал една водоводна цефка и ставил бели хируршки нараквици на рацете.

Објаснувајќи и на соседката дека сака да го погледне распоредот на станот, сега починатата му дозволила влез на Ј.К. и незабележувајќи дека има нараквици и водоводна цефка, од ходникот на станот се упатила према дневната соба. Тогаш, сега притворениот Ј.К. од зад грб, со водоводната цефка и задал неколку силни удари во пределот на главата и вратот по што таа паднала на подот. Веднаш потоа, Ј.К. започнал да пребарува низ собите, пронашол и одзел еден мобилен телефон и паричник со
3.200,оо денари во разни апоени.

Пред да го напушти станот, забележувајќи знаци на живот кај соседката и плашејќи се дека ќе биде кажан и откриен, сега притворениот Ј.К. се вратил во кујната и пронашол нож со должина од околу 30 сантиметри со кој и задал неколку удари во пределот на вратот и ја усмртил. Потоа го напуштил станот заклучувајќи го со клучот од влезната врата и се упатил во казино.

Со цел расчистување на казнено правниот настан, СВР Охрид во координација со Јавниот обвинител, презеде низа мерки за обезбедување траги и доказен материјал, извршен е криминалистичко-технички увид на местото на настанот, извршени се претреси, анкети со граѓани како и други оперативно тактички мерки.