Skip to main content

Кривична за двајца велгоштани за кражба на дрва

Охридската полиција поднесе кривична пријава против две лица од охридското село Велгошти – П.Ш. и И.Б., двајцата на возраст од 25 години.

 |   | 

Охридската полиција поднесе кривична пријава против две лица од охридското село Велгошти – П.Ш. и И.Б., двајцата на возраст од 25 години.

Лицата се товарат за сторено казнено дело „кражба на дрва од туѓа шума“. Пријавениот П.Ш. самостојно сторил уште две казнени дела: „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „фалсификување исправа“. Тој нелегално набавил џип, поставил лажни бугарски регистарски таблички кои потекнувале од друго возило.

Во текот на минатата година, пријавените лица во месноста „Буково“ од шума во државна сопственост, неовластено и без одобрение за сеча, со моторна пила и дрвена секира извршиле бесправна сеча на 1,46 метри просторни буково огревно дрво. Огревното дрво го натовариле во патничкиот џип и се упатиле по магистралниот пат кон Охрид.

Тоа попладне полициски службеници кои работеле по акцијата „Гора“, кај бетонската база на „Гранит“, се обиделе да го запрат возилото управувано од П.Ш. но тој ја зголемил брзината на движење и директно го насочил возилото кон полициските службеници со што им ги загрозил нивните животи. Потоа со голема брзина се упатил и кон полицискиот автомобил кој бил со вклучени звучни и светлосни сигнали. Пријавените продолжиле по магистралниот пат, а биле следени од полициските службеници. Кај крстосницата за селото Вапила, возачот на џипот П.Ш. предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во запрено товарно возило а потоа продолжил по непристапен пат низ нивите. По кратко време, полициските службеници го пронашле џипот паднат во Коселска Река.

Бесправно отсеченото огревно дрво и возилото, се предадени на Шумската полиција.