Skip to main content

Исчезнатата 2 годишна Наде пронајдена жива и здрава

Двегодишното девојче од кичевското село Кленоец кое исчезна синоќа , денеска беше пронајдено по интензивна потрага на полицијата во која беше ангажирано месно население, кучиња трагачи и екипа од Телевизија ТВМ со дрон.

 |   | 

Малата Наде која беше исчезната повеќе од 24 часа пронајдена жива и здрава. Двегодишното девојче од кичевското село Кленоец, кое од синоќа беше пријавено за исчезнато било пронајдено денеска попладне од полициски службеници меѓу селата Извор и Кленоец.

„Со задоволство можам да изјавам дека девојчето е пронајдено живо и здраво, денеска околу 15 часот во месноста Вртиште. Тоа е област на тромеѓето помеѓу селата Извор, Кленоец и Иванчишта во кичевско. Девојчето е пронајдено во дол длабок околу 20тина метри. “ – изјави Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.
Вчера околу 13часот и 45минути вујкото заедно со двете внуки, Наде и нејзината 4 години постара сестра се движеле по локалниот пат од село Кленоец кон село Извор.
Во близина на местото викано Јарбол , двегодишното девојче кажало дека не може да оди понатаму и останала покрај патот, а вујкото со шестгодишната внука се упатил во село Извор. Кога се вратил на местото таа не била таму.
Се вратил во куќата во село Кленоец, каде, исто така, ја немало. Веднаш потоа случајот го пријавил во Полициската станица Извор.Во активна потрага по детето веднаш биле ангажирани Полициски тимови со околу 20 службеници и месно население. Потрагата продолжи денеска со кучиња трагачи и беше побарана помош од Телевизија ТВМ која се вклучи во потрагата со дрон поради непристапноста на теренот кој се пребаруваше.Наде денеска била пренесена во кичевската општа болница каде се извршиле потребните медицински прегледи за утврдување на здравствената состојба на девојчето. Истоа така тим од социјални работници дополнително ќе извршат разговори со семејството на двегодишната Наде.