Skip to main content

Згасна најстариот градски спортски клуб, Веслачкиот клуб „Југ“

Клубот ги загуби просториите и пловните објекти. Ова е исходот од судскиот спор кој повеќе од 4 години го водеше клубот Југ со  Кичевско Дебарската епархија во кој спорна беше сопственоста на просториите каде што беше сместен клубот.

 |   | 

Градот и охриѓани го немаат повеќе  најстариот градски спортски веслачки клуб „Југ“. Денес Управата на клубот доби судска одлука за иселување и примопредавње на просториите на Кичевско Дебарската  епархија.  ВК Југ го загуби судскиот спор што го водеше со Кичевско Дебарската епархија повеќе од 4 години, вели Климент Наумов од Управниот одбор на клубот и останува без пловните објекти.

„Врз основа на судски трошоци ни се попишани и основните средства. Чамците, скифовите и дублите без кои не може да функциора клубот и згаснува најстариот спортски клуб формиран во 1932 година, а згаснува и веслачката федерација на Р. Македонија“, вели Наумов.
 
По загубениот спор ВК Југ должи околу 1 милион денари на име камати и различни судски, адвокатски и трошоци за извршител. Касата на клубот е празна бидејќи во последните 3 години додека се водел спорот нема никаква финансиска помош, напоменува Наумов.

„ Долго време немаше поддршка ни од градот ни од држвата. Општина Охрид  вети дека ќе го разгледа проблемот, но до ден денес  нема одговор. Нема решение барем каде да се иселиме и каде  клубот да добие локација каде што ќе функционира“, кажува Наумов.
 
На ВК Југ ќе му бидат одземени поновите и постарите пловни објекти, а без својата омилена спортска дисциплина ќе останат 10 мина млади веслачи.  ТВМ ТелевизијА во неколку наврати пишуваше за проблемите на клубот и опасноста да згасне. Никогаш не добивме став или коментар од МПЦ .Во август 2015 година  независниот советник Павел Попоски и Јоне Станкоски од Вмро НП, во градскиот совет  предложија да се донесе одлука за исплата на финансискиот долг на ВК Југ за да се спречи негово згаснување. Но нивниот предлог Локалната да ги подмири обврските кои тогаш изнесуваа  450.000 денари не беше воопшто ставен на дневен ред. Тогаш советникот Станкоски кажа дека за овој проблем ЛС И гардончалникот бие запознаети уште на почеток на мандатот во 2013. Предлот  беше поддржан од дел од советниците од мнозинството на ВМРО ДПМНЕ меѓу кои и Дејан Паноски. Паноски во таа прилика кажа дека  за потребата да се најде решение за клубот  била информирана и Агенцијата за млади и спорт, Македонскиот олимписки комитет, пратенците, Владата. За жал, никој не му помогна на клубот кој во минатото бил расадник на врвни спортисти кој го прославувале во светот Охрид и Македонија.