Skip to main content

Кои се кандидатите на СДСМ за градоначалник и советници?

Од неофицијални извори се лиферувани и имињата на кандидати кои ја добиле довербата на членството на вчерашното гласање.

 |   | 

Јован Стојаноски, Науме Јованоски и Константин Георгиески, Лазо Танески, Елизабета Русеска, Стевчо Стевоски, Дејан Цветкоски и Владо Чингоски неофицијално, се имињата на кандидатите за охридски градоначалник од СДСМ.

Тие беа избрани од членството на вчерашните  внатрепартиски избори.  Резултатите од ова гласање  според најавите треба да имаат значително влијание врз утврдувањето на конечните кандидатски листи од страна на партиските тела и органи во СДСМ.

Од охридската  организација на СДСМ не сакаа да ги коментираат имињата на избраните кандидати.  Вчерашните резултати биле чисто консултативни и со нив се опипувал пулсот на членството и симпатизерите на партијата. Резултатот нема обврзувачки карактер на ниедно партиско тело или орган во понатамошната постапка. Овој првичен избор не е од интерес на јавноста, велат од партијата.

Од таму напоменуваат дека станува збор за внатрешно  партиски избори кои не се конечни. Според нивниот партиски Статут и Правилник  за критериуми за избор на кандидат за градоначалник следуваат и други  критериуми кои ќе течат и во наредниот месец.

Резулатот од внатрешно партискиот избор  е еден од вкупно 7те критериуми кои се земаат во предвид во постапката. Во завршната фаза се земаат во предвид сите критериуми според Статутот на партијата за кој ќе одлучуваат кадровската комисија и Извршниот одбор на општинската организација, информираат  од партијата.