Skip to main content

Основното училиште „Братство и единство“ потонато во мрак

Во дворот на основното училиште „Братство и Единство“ не се гледа прст пред око. Нема осветлување па децата кои се втора смена мора да се снаоѓаат за да минат низ него. Родителите бараат под итно да се реши овој проблем. Од Локалната велат дека веќе се преземаат мерки за поставување столбови за осветлување.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Основното училиште „Братство и единство“ потонато во мрак. Поради немање осветлување во дворот на школото учениците кои се втора смена мора да носат со себе некакво светло или пак родителите да ги чекаат по завршувањето на часовите за да можат безбедно да си одат дома. За овој проблем информирана е Локланата и побарано е да се постави осветлување во училишниот двор, но и да се поправи уличното осветлување кое во моментов е во дефект. Од училиштето велат дека 6 години наназад поднесувале барање до локалната да се постават 10 улични сијалични места во дворот и во близина на училиштето.

Како одговорна Локална самоуправа пристапивме кон решавање на овој проблем кој за волја на вистината подолго време се провлекува. По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и патишта во кругот на училиштето ќе бидат поставени осум светлосни тела од 21 ват, вели Љупчо Танески од Секторот за комунални работи.

Овај зафат ќе биде направен во најскоро време, а малку бил одложен поради зфатеноста на јавните претпријатија со поставување улично осветлување на други локации низ градов.

Веќе се ископани потребните ровови за поставување на електричните столбови, а подоцна ќе бидат поставени и сите пропратни елементи за да профункционира ова јавно осветлување на потегот ка ј ОУ „Братство единство“, вели Танески.

Танески најавува интервенции на јавното осветлување и на други делови од градов, а кажува дека доколку има потреба ќе се постави дополнително осветлување и во другите училишта каде Локалната има ингеренции.