Skip to main content

Се асфалтираат нови, но и се довршуваат некои од веќе започнатите градски улици во Охрид

Улицата „Сирма Војвода“ денес е едно модерно и уредено место со сите решени комунални и инфраструктурни проблеми. И не само оваа улица, Секторот за комунални дејности досега во рамки на реализација на годишната програма има асфалтирано краци од улици и пристапни патеки со вкупна површина од 8 445 м2, а вкупниот износ на средства издвоени за оваа намена се околу 14 милиони денари.

 |  Николоска Биљана  | 

Се асфалтираат нови, но и се довршуваат некои од веќе започнатите градски улици во Охрид. Од Секторот за комунални дејности велат дека пролетниов период низа активности биле насочени кон градежни зафати за уредување на повеќе пристапни улици во општината. Портпаролот на Секторот Љупчо Танески, пренесува дека програмата за асфалтирање на улиците била обемна, но со работа труд и трпение се постигнува многу. Тој како пример ја посочи ул „Сирма Војвода“ која од корен ја изградиле, асфалтирале и уредиле.

„Во изминатата година асфалтиравме околу 1500 кавадратни метри од улицата „Сирма Војвода“ главната улица во Болничкиот комплекс. Во изминатите денови пристапивме кон асфалтирање на две помали пресечки на оваа улица. Секако дека будно ја следиме состојбата со оваа улица, но од она што го затекнавме до ден денес, она што сме го ветиле со 95% сме го исполниле, односно „Сирма Војвода“ денес се едно модерно и уредено место со сите решени комунални и инфраструктурни проблеми“ – вели Танески.

Инаку деновиве на територијата на општина Охрид беа асфалтирани краци од улиците „Кирил и Методиј“ со вкупна површина од 540 м2, „Охридска Бригада“ со вкупна површина од 494 м2, „7-ми Ноември“ со површина од 180 м2, „Даме Груев“ со површина од 129 м2. Исто така на ул. „Ариф Мустафа“ се асфалтирани три краци во вкупна површина од 795 м2, асфлатиран е и пристапниот пат на улицата „Ванчо Питошески“ со вкупна површина од 175 м2, пристапниот пат на улицат „Питу Гули“ со површина од 580 м2. Во рамки на СРЦ „Билјанини извори“ се асфалтира пристапен пат кој води до спортските терени на вештачка трева
Во селото Коњско се асфалтираа три улички, во Долно Лакочереј се асфалтираа две улички, во Велгошти се асфалтираа четири улички, Подмоље се асфалтираа две улички и во Билјанини извори се асфалтира пристапен пат со површина од 600 м2. Во општина Охрид досега се асфалтирани краци од улици и пристапни патеки со вкупна површина од 8 445 м2, а вкупниот износ на средства издвоени за оваа намена се 13 737 796 денари.