Skip to main content

Наставници од ОУ „Григор Прличев”- Охрид во едукативна посета нa ОУ „Песница” – Марибор, Р. Словенија

Во периодот од 14-18 март оваа година,  наставници од ОУ „Григор Прличев”- Охрид, предводени од директорката Силвија Мојсовска го посетија ОУ „Песница” во градот Марибор, Р. Словенија.

 |   | 

Во периодот од 14-18 март оваа година,  наставници од ОУ „Григор Прличев”- Охрид, предводени од директорката Силвија Мојсовска го посетија ОУ „Песница” во градот Марибор, Р. Словенија.

Оваа средба е од меѓународен карактер организирана од ОУ  „Песница” за соработка со училиштата ОУ „Григор Прличев”- Охрид, ОУ „Јован Поповиќ”- Белград и истоименото училиште од Крушевац, Република Србија.

Во рамките на оваа едукативна посета , наставниците има можност да ги согледаат сличностите и разликите во воспитно- образовните процеси на двете земји. Преку директна посета на часовите организирани од тамошниот наставно-стручен кадар, нашите наставници разменуваа идеи и разговараа за искуствата кои словенечките наставници ги стекнале при посета на училишта во Финска, Португалија и Јужна Кореја, а со цел имплементирање на истите во нивната секојдневна настава.

Она што доминира во словенечкиот образовен систем е умешноста на учениците да го развијат критичкиот став кон она што го учат. Преку најнови наставни техники и методи и со користење на современи наставни помагала, тие сами доаѓаат до суштината на индуктивното мислење наспроти фронталната настава. Оваа посета е почеток на низата средби и соработки помеѓу овие училишта кои ќе се остваруваат и во иднина.