Skip to main content

Нов успех на БОБ шампионите

Од неодамна одржаниот петтиот по ред државен натпревар во Бреин о Бреин програмата, во конкуренција од 600 натпреварувачи од 10 центри во Македонија, децата од Центарот за развивање на животни вештини, кој функционира во рамките на Црвениот крст од Охрид, се вратија со најмногу освоени трофеи.

 |   | 

Шеесетте охридски мозочиња, повторно најдобри. Сите задоволни и мотивирани од големиот успех, продолжуваат да бидат дел од големото Бреин О Бреин охридско семејство. На неодамнаодржаниот петтиот по ред државен натпревар во Бреин о Бреин програмата, во конкуренција од 600 натпреварувачи од 10 центри во Македонија, децата од Центарот за развивање на животни вештини, кој функционира во рамките на Црвениот крст од Охрид, се вратија со најмногу освоени трофеи. Од Скоје дури 58 од нив се вратија со освоени трофеи, златни и сребрени медали.

„Се тоа се должи на големата посветеност на самите инструктори, на големата амбивиозност и желба за учење на децата но и големата помош и поддршка која ја имаме од родителите и во оваа прилика се заблагодарувам на сите нив“.

Воедно БОБ центарот од Охрид е добитник на единствената интернационална светска награда за посветеност, објасни Сашо Точко – Претседател на О.О. Црвен Крст Охрид.

Христина Кузманоска, инструктор тренер во БОБ програмата истакна дека самиот натпревар се состоеше во два дела, триминутно решавање на тест со абакус и демо презентација.

„Во оваа демо презентација најмногу ставаме акцент на нгот кој децата одлично го прават“.

Овој успех е само поттик и понатака да продолжиме професионално со оваа програма. Инаку некаде на почетокот на месец мај, демо фестивал и можност да видат охриѓани што децата кои ја посетуваат Бреин О Бреин програмата, истакна Валентина Кузманоска – координатор и тренер.

„Навистина задоволството кај сите и кај нас тренерите и кај самите родители беше на завидно ниво бидејќи немаше дете што не се здоби со награда и повторно меѓу нас провеја она „„Еве ги повторно Охрид меѓу најадобрите“.

Главни двигатели и причина за ваквиот успех секако се мотивираноста на децата и трпението и упорноста на родителите.

„БОБ програмата претставува еден процес во кој тренерите со помош на родителите ги насочуваат дечињата, додека значаен дел при постигнување на успех е континуитетот и користењето на истата преку целиот ден“.

На годинешниот натпреар, децата беа оценувани од претставници од Институтот за психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Додека тестовите пак доаѓаат од франшизерот на програмата од Индија.